30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаДаниловски: Не ми е јасно зошто родителите се бунат за скринингот во...

Даниловски: Не ми е јасно зошто родителите се бунат за скринингот во училиштата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Епидемилогот проф.-д-р Драган Даниловски вели дека не му е јасен отпорот и недовербата кај дел од родителите, за постапка која е токму во полза на што поголема безбедност на нивните деца.

<

„Зарем прават проблем ако матичниот доктор пропише дека треба да се земе брис од нос и грло кога детето има ангина?“, прашува тој додавајќи дека ова не се брисеви што се користат за ПЦР тестови, кои се непријатни за земање. Конечно, нели сите сакаа настава во живо? Во услови на пандемија, наставата во живо бара и примена на одредени мерки на безбедност – како што се брисевите, маските, проветрувањето на училниците“, вели Даниловски во изјава за Мета.

Откако надлежните почнаа да прибираат согласности од родители на деца кои треба да бидат тестирани за ковид-19, професорот велид дека од скринингот во училиштата може да се има полза само ако се има увид во состојбата во тек на време, односно тестирањата треба да се прават еднаш неделно

Не е доволно да се тестира по само едно дете во одделение и ова што сега се прави би ја покажало само моменталната ситуација, смета Даниловски, кој исто така вели дека веродостојноста на антигенските тестови, кои се предвидени да се прават кај учениците, не е на високо ниво.

„Точноста им е 50 – 60 проценти. Но, кај масовни тестирања и тоа значи нешто, зашто ќе се идентификуваат 50-60 отсто од асимптоматските случаи, што е редукција на ризиците за толку проценти“, вели Даниловски и додава „и тоа е подобро отколку ништо“.

Скрининг преку репрезентативен примерок дава само увид во моменталната ситуација со раширеноста на асимптоматските инфекции. Според епидемиологот, тоа е еден вид моментален пресек на состојбата. Но, потенцира Даниловски, еднократен скрининг не е противепидемиска мерка.
META

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...