2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридПецаков: Во Охрид ќе има туризам 365 дена !!!

Пецаков: Во Охрид ќе има туризам 365 дена !!!

spot_imgspot_img

Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид утрово во гостување на „Утрински брифинг“ во Слободна ТВ , истакна дека на Охрид му се потребни решавање на проблемите со УНЕСКО и заштита на езерото, чистење на депониите, решавање и средување на плажите, кои проблеми ги наметна локалната власт со плус 500 дивоградби, за овие четири години, но посочи дека по програмата која ја има за Охрид има мерки за 365 дена туризам во градот, субвенционирања и надвор од туристичката сезона, како и студија за потенцијалот на Охрид.

Проблемот со УНЕСКО сами си го создадовме, имаше 500-ни дивоградби само во овие четири години, настанати врз основа на непринципиелни коалиции и непринципиелни договори во Советот на општина Охрид, но проблемот со УНЕСКО не е само за дивоградбите туку и низата забелешки за заштитата на Охридското Еезеро, Студенчишко Блато, препораки за подигање на еколошката свест каде една од главните забелешки е депонијата во Буково, критикуваше Кирил Пецаков.

Тој вели дека на Охрид му е потребна регионална депонија каде што ќе се носи сметот од Охрид, но дека е потребна помош и од централната власт.

Плажите во Охрид мора да бидат уредени и од наредното лето мора да бидат спремни за граѓаните, баналното беше во тоа што во јуни се рушеа, а во тек на туристичката сезона ги оставивме неуредени, и беа оставени со недоволни услови за граѓаните, а во август месец се објавува јавен повика за тоа како да изгледаат плажите, што е сосема нелогично, рече Пецаков.

Пецаков посочи дека власта во последниве четири години не ги реши плажите во однос на концесионерските договори, можеше сето тоа да биде решено во септември, но беше лоша одлука на локалната власт.

На Охрид му е потребен 365 дена туризам, ние имаме и потенцијал и можности сето тоа да го средиме, во нашата програма се предвидени мерки за зголемување на туристичката сезона како субвенционирање надвор од туристичката сезона, намалување или субвенционирање на сметките за вода, ѓубрарина на хотелите кои ќе работат и ќе понудат пониски цени, и многу други мерки, но една од најбитните е изработка на студија за туризам за да видиме какви потенцијали има градот Охрид и каков туризам можеме да развиваме во следниот период, истакна Пецаков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...