8.6 C
Ohrid
среда, ноември 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев убедуваше дека СДСМ води, бројките покажаа друга реалност

Заев убедуваше дека СДСМ води, бројките покажаа друга реалност

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа еден час по полноќ изјави дека СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во земјава.

Според него, коалицијата на СДСМ победува во првиот круг или има водство пред ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пехчево, Чашка, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово и Ростуше, Старо Негоричане, Росоман, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, Долнени, Куманово, Скопје.

„Поддршката која ја добивме во првиот круг е сериозна. Тоа се стотици илјади гласови на народот. Тоа за нас е обврска и таа обврска ние ќе ја исполниме и нема да застанеме и да дозволиме на некого земјата да ја враќа назад. Пред нас е сериозна борба“ рече лидерот на СДСМ.

Се на се, СДСМ и коалицијата НАЈДОБРОТО влегуваат во вториот круг во вкупно 36 општини, плус Градот Скопје.

Влегуваме во борба за конечна победа во втор круг во сите преостанти општини.

Главата горе! На крајот СДСМ и коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција.

Впрочем и затоа Мицкоски бараше избор на градоначалници во првиот круг, свесен што ќе се случи во вториот круг. Коалиционите капацитети се сериозни, граѓаните доминантно во мнозинство се за прогрес.

Огромна е нашата коалиција – ја обединуваме цела владина коалиција – прогресивниот глас се обединува за вториот круг и влегува во борба за она што со со труд, пот и крв го обезбедивме заедно со народот, за оваа наша земја – прогресот се обединува за да ја обезбеди иднината на татковината. За таа цел, за да ја зачуваме безбедната и сигурна македонска иднина, ги повикувам сите наши поддржувачи и тие што денеска останаа дома да излезат и да дадат поддршка за најдоброто и за нашиот народ и нашата држава.

Почитувани,

Јасна е пораката од народот – и таму каде што победивме и таму каде што не победивме.

Народот сака уште повеќе работа и уште повеќе резултати. Тие резултати ќе обезбедиме со сите наши капацитети. Но, тие резултати се можни само со локални самоуправи кои гледаат и сакаат да одат напред. Тоа е можно само со коалиција која води НАПРЕД.

Затоа, го повикувам целиот македонски народ, сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци – сите!

Борбата продолжува – Прогресот се обединува – бидејќи злото се заканува!

Коалицијата на партиите кои ја сочинуваат централна власт, а тоа е владината коалиција составена од СДСМ, ДУИ, ЛДП, ДОМ, БЕСА, ДПА, Бошњачкиот сојуз и другите партии – оваа коалиција на прогресот и напредокот ќе се обедини и ќе влезе во борба за мнозинства во најголем број од советите на општините низ државата.

Тоа се мнозинствата низ кои се претставени прогресивните и демократски политики на оваа власт, поддржани од огромно мнозинство од народот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Цела Србија на нозе, Вучиќ предлага референдум- Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Кирилица“ на телевизија „Хепи“ изјави дека оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ е...

Почина 27 годишно момче при извршување градежни работи во Скопје !!!

Во СВР-Скопје било пријавено дека при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, со тешки телесни повреди се здобил Л.Ш.(27)...

Наставник со пластичен предмет нападнал ученик во училиште во Охрид

Вчера во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето. Се...

Тешка несреќа на патот Кавадарци – Росоман: Едно лице загина!

Една лице загинало, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 9 часот, на патот од Кавадарци кон Росоман,...