30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаМаричиќ: Расположението на терен се менува, СДСМ секој ден е со народот...

Маричиќ: Расположението на терен се менува, СДСМ секој ден е со народот -пораката е примена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ во гостувањето на дебата на Алсат Телевизија, кажа дека владејачката партија во вториот круг влегува со предност во 25 општини и дека е уверен во обединувањето на сите прогресивни граѓани во земјава. Според Маричиќ, тоа што се случува на терен изминативе денови е промена во расположението кои граѓани, кои во вториот круг ќе ја поддржат СДСМ.

<

„Повеќе пати кажавме дека резултатите од првиот не се во рамките на нашите очекувања, но работата е далеку од лоша или изгубена како што спомена од опозицијата. Ние имаме водство во 25 општини за вториот круг, имам веќе освоено 9 градоначалнички места.

Веруваме дека од овие денови работите на терен се менуваат, пораката е прифатена. Работиме на максимална мобилизација на членството и симпатизерите на нашата партија, но и на сите слободоумни граѓани. На сите им е јасно дека е многу важно сега во вториот круг секој да излезе и да даде поддршка на прогресивната сила, на прогресивната коалиција, на коалицијата која се обединува да не застанеме тука и да не се враќаме назад“, потенцираше Маричиќ.

Според него, раководството за партијата е секој ден меѓу граѓаните и дека разговараат и за грешките и за тоа што може да се направи во наредниот период. Маричиќ кажа и дека е очигледно дека повторно е воспоставена конекцијата и комуникацијата со граѓаните.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...