11.9 C
Ohrid
петок, мај 10, 2024
ПочетнаМакедонијаСкандал - Запрен камион на македонското МНР- Шверцувале цигари и алкохол...

Скандал – Запрен камион на македонското МНР- Шверцувале цигари и алкохол во пломбирани сандаци за дипломатска пошта

Камион управуван од возач со македонски пасош бил запрен на влез во Италија од Словенија и при проверката било утврдено дека се шверцуваат цигари и алкохолни пијалаци, дознава МКД.мк.

-Нашиот извор вели дека возачот при рутинските гранични формалности покажал документи што потврдувале дека се превезува дипломатска пошта. Но се чини дека нешто не се совпаѓало во документацијата, па поради сомнеж бил активиран скенерот на граничниот премин и потоа бил извршен претрес, што вообичаено не се прави кога станува збор за дипломатска пошта. И, имало што да се види. Сличен случај имало и летово, пишува порталот.

Наместо дипломатска пошта (која може да значи од вистинска пошта и документи, па сѐ до опрема и мебел за амбасади, конзулати и станови на дипломати во странство или средства и опрема за реновирање), големо количество цигари и алкохолни пијалаци биле „покриени“ со дипломатски печати, пломби и документи.

-Според нашите извори, камионот тргнал од Скопје, а со акцизната стока бил натоварен во Србија. Преку Хрватска и Словенија стасал во Италија. Таму сомнежот дека не се работи само за дипломатска пошта паднал кога скенерот прикажал многу шишиња, несоодветно количество за една дипломатска пратка. Возачот е во притвор, а случајот таму се истражува. Македонското МНР бездруго е известено по дипломатски пат од италијанските власти, пишува МКД.МК.

По правило, граничните власти не ја отвораат дипломатската пошта, освен доколку немаат сериозен сомнеж.

 

ЦЕЛАТА ВЕСТ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА МКД.МК.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зеленски ѝ ја честиташе убедливата победа на Силјановска Давкова (ФОТО)

Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста низ нашата обединета Европа, напиша Зеленски. Претседателот на...

Сите заеднички сплотени за мајка Македонија: Погледнете како се славеше победата на ВМРО ДПМНЕ во Охрид.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата издвојуваа победа на парламентарните и претседателските избори. Симпатизерите и поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ еуфорично и братски ја прославија победата на градскиот...

Охрид доби тројца пратеници од ИЕ5 во Собранието на Република Македонија

Честитки за народот, за сите охриѓани кои ни дадоа огромна поддршка и доверба испраќајќи единствена порака дека е време за ново поглавје и доаѓаат...

Маричиќ по поразот на СДСМ: Оставаме во наследство подобра држава

Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на...