17.2 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците.
„Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги разлагам. Согласно резултатите досега, им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години. Мојот концепт за мултиетничка Македонија денеска не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Јас сум уверен дека само таква Македонија може да биде просперитетна и демократска држава. Мојата совест е мирна, но не сум сигурен дека совеста им е мирна на оние кои тргнувајќи од теснопартиски и лични политички интереси, денеска ефективно спречија илјадници наши граѓани да го земат второто ливче и да гласаат и на претседателските избори“, рече Пендаровски.
Тој се заблагодари на сите учесници во изборниот процес и на медиумите за соработката изминатите пет години.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ален Деребан: Почитувани стружани, во среда има прегласување, не далат само 300 гласа за уште еден пратеник !

Почитувани стружани, Врз основа на одлуките донесени од Државната изборна комисија (ДИК), потврдени од Управниот Суд, на ден 22.05.2024 година (среда) гласањето ќе се повтори...

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин. – Со...

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...