22.9 C
Ohrid
понеделник, мај 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЗеленски ѝ ја честиташе убедливата победа на Силјановска Давкова (ФОТО)

Зеленски ѝ ја честиташе убедливата победа на Силјановска Давкова (ФОТО)

Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста низ нашата обединета Европа, напиша Зеленски.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски ѝ ја честиташе убедливата победа на претседателските избори на Гордана Силјановска Давкова.

Тој својата порака ја објави на социјалната мрежа X.
Честитки за Гордана Силјановска Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во спротивставувањето на руската агресија. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста низ нашата обединета Европа, напиша Зеленски.

Силјановска-Давкова се заблагодари на честитката на украински, македонски и на англиски јазик истакнувајќи го следново:
Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите.

Со пригоден настан кој се одржа денеска, Охридската територијална противпожарна единица го одбележа 20-ти мај, Денот на пожарникарите. Упатувам голема благодарност и честитки до пожарникарите...

Приведен кавадарчанец, во угостителски објект му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Кавадаречката полиција синоќа привела 35-годишен маж од Кавадарци кој насилно се однесувал и му се заканувал на градоначалникот на општината, Митко Јанчев. Инцидентот се...

Палчо од Турција си донел и телевизор, да му се најде додека е во притвор !!!

Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е веќе сместен во затворот во Шутка. ДомаМакедонија КУФЕР...

Ален Деребан: Почитувани стружани, во среда има прегласување, не далат само 300 гласа за уште еден пратеник !

Почитувани стружани, Врз основа на одлуките донесени од Државната изборна комисија (ДИК), потврдени од Управниот Суд, на ден 22.05.2024 година (среда) гласањето ќе се повтори...