12.6 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаДенеска на 23 октомври 2021 година во Нова Градишка, Хрватска ,беше...

Денеска на 23 октомври 2021 година во Нова Градишка, Хрватска ,беше откриен споменик на Тошe Проески

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ВО НОВА ГРАДИШКА ОТКРИЕН НОВ СПОМЕНИК НА ТОШЕ ПРОЕСКИ.
ОВОЈ СПОМЕНИК Е УШТЕ ЕДЕН ДОКАЗ ДЕКА АНГЕЛИТЕ НЕ СЕ САМО НА НЕБОТО ТУКУ ТОШЕ БЕШЕ ВИСТИНСКИ АНГЕЛ НА ЗЕМЈАТА ДОДЕКА БЕШЕ ЖИВ.

<

Денеска, сабота на 23 октомври 2021 година во Нова Градишка, Хрватска , на шеталиштето „Новоградишки куриозитети ,беше откриен споменик на Тошe Проески . Самата идеја и одлука да се направи камена статуа на Тоше Проески, која е дел од љубовта и почитта кон него и кон целиот македонски народ, потекнува од компанијата Техникс и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват.

На откривањето присуствуваа нашиот абмасадор во Хрватска, Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка, Винко Гргиќ, градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, ветераните на македонската ракометна репрезентација на чело со Пепи Манасков, граѓани на Нова Градишка.

Градоначалникот Гргиќ кажа дека една несреќа направи два народа, македонскиот и хрватскиот, и две општини, Крушево и Нова Градишка, да се запознаат и да соработуваат благодарејќи на песните на популарниот македонски поп пејач, Тоше Проески.

„Она што не поврзува со Нова Градишка е трагедијата на пејачот и наш сограѓанин Тоше Проески. Но, заедно сите сме негови фанови и сега и пред неговата смрт. Да се потрудиме да го продолжиме неговото дело, а тоа е добри дела, љубов и толеранција. Тоше вечно ќе живее во нашите спомени. Нека живее нашето пријателство и натаму, нека живее и споменот за Тоше преку овој споменик. Слава му, изјави Христовски.

Амбасадорот Фетаи потсети на мисијата на Тоше, кој со својата песна и неизмерна љубов која ја ширеше насекаде, во текот на неговиот краток животот, а особено после трагичната смрт, придонесува за градење на пријателски мостови меѓу македонскиот и хрватскиот народ.

Самата идеја и одлука да се направи камена статуа на Тоше Проески, која е дел од љубовта и почитта кон него и кон целиот македонски народ, потекнува од компанијата Техникс и нејзиниот претседател Ѓуро Хорват.
Статуата е дело на уметникот Славко Буниќ, а покрај тоа што е симбол на пријателството меѓу Нова Градишка и Прилеп, постојаниот лик на Тошо Проески ќе не потсети на неговата уметност, музика и чувствата кои неговата музика ги предизвикува во нас.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...