29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаДосегашниот градоначалник Константин му ја честита победата на Д-Р Кирил Пецаков.

Досегашниот градоначалник Константин му ја честита победата на Д-Р Кирил Пецаков.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Досегашниот градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ Константин Георгиески му ја честита победата на Пецаков и му посака успешна работа.

<

Тој се заблагодари на сите граѓани од Охрид кои му дадоа поддршка на локалните избори.

-Ми беше чест овие две и пол години да им служам на граѓаните на Охрид. Изработивме голем број проекти кои ќе останат зад нас. Оставаме и голем број проекти кои се спремни за реализација. На граѓаните на Охрид им посакувам добро здравје и успеси, рече Георгиески.

На прашањето што понатаму со политичката кариера. Георгиески одговори:

Со вчерашниот ден заврши едно поглавје од мојот живот, кој вклучуваше политички ангажман мислам дека сега ќе се посветам на професијата таму каде што дојдов и ќе продолам да работам како лекар, рече Георгиески.

Ја почитувам демократската одлука на охриѓани, се надевам дека го направија вистинскиот избор.
Им благодарам на сите соработници, сопартијци во целокупната кампања, теренската работа и борбата за подобра иднина за нашиот град. Охрид е наше најскапоцено богатство и заслужува да оди напред, охриѓани ги заслужуваат најдобри политики, најдобри проекти и многу работа!
Чест ми е што во изминатите 2,5 години му служев на Охрид и на охриѓани. Задоволен сум и горд на сите проекти кои ги реализиравме и сите успеси кои ги остваруивме во изминатиот период. Носевме храбри и важни одлуки со кои се направи историски напредок. Ја раздолживме општината, го сочувавме статусот на УНЕСКО и значително ги подобривме условите во инфраструктурата и обрзованието. Оставаме голем број готови проекти, кои се надевам дека новата локална власт успешно ќе ги реализира.
Уште еднаш им благодарам на сите граѓани за довербата и целокупната поддршка до сега! Мојот интерес и мојот избор секогаш ќе биде Охрид и чест ми е што имав можност да работам за доброто на овој прекрасен град, подвлече Георгиески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...