19.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаСамо до месец Јуни граѓаните платиле 3,8 милиони евра казни за неносење...

Само до месец Јуни граѓаните платиле 3,8 милиони евра казни за неносење маски…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Над 3,8 милиони евра се слеале од џебот на граѓаните во државниот буџет за една година поради непочитување на мерката. Изречени се 194.117 казни до месец јуни, а сега се можеби и повеќе…
Граѓаните сега можат да здивнат – откако владата ја потврди одлуката за укинување на носењето маски на отворено, откако бројот на новозаразени од Ковид-19 почна драстично да опаѓа но останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори.

<

Непочитувањето на оваа мерка како заштита од Ковид-19 скапо ги чинеше граѓаните изминатата година. Над 3,8 милиони евра се слеале од џебот на граѓаните во државниот буџет за една година поради непочитувањето на задолжителната мерка за носење маски како заштита од Ковид-19.
Како што информираат од МВР за ДВ, заклучно до месец јуни се изречени 194.117 казни за непочитување на мерката. Паричните казни беа во висина од 20 евра, а 2.000 евра е казната којашто домашни и странски фирми ја плаќаа за необезбедување заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирус. Ова е предвидено во Уредбата којашто ja донесе Владата на 22 април, а стапи на сила од 1 мај минатата година.

За седум месеци 128 илјади казни за неносење маски..

Само од 1 мај до јануари годинава биле изречени над 128 илјади казни за неносење маска во С. Македонија. Во периодот од мај до 23 јуни, во полициската евиденција има заведено 20.327 прекршоци по однос на неносење заштитна маска. Надлежните немаат конкретен податок колку од изречените казни биле и наплатени, со оглед на тоа дека секој граѓанин поединечно ја плаќа казната. Доколку во рок од осум дена граѓанинот се одлучи да го плати прекршочниот платен налог, тогаш ја уплаќа половината од казнената сума.

Најголемиот дел од лицата коишто се казнети, се за неносење на задолжителната маска за лице кога патуваат во исто возило заедно со други лица кои не се дел од нивните семејства. Следуваат прекршоците кај оние кои не држат растојание на отворен простор и најмалку од казните се изречени за оние кои немале маски во затворен објект.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...