18.9 C
Ohrid
четврток, април 17, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ во страв?! Постои можност Бранко Црвенкоски да ја превземе владејачката партија?!

СДСМ во страв?! Постои можност Бранко Црвенкоски да ја превземе владејачката партија?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, во вечерашното гостување на ТВ21, коментирајќи ги случувањата во СДСМ и оставката на партискиот претседател и премиер Зоран Заев, рече дека постои амбиција кај „групацијата на Бранко Црвенковски“ да ја преземе владејачката партија.

<

„Ако Заев опстои и на таа втора оставка, за која имаше иницијативи да не се повлече, барем од чело на СДСМ. И таму по констатирањето на неговата оставка, во рок од 15 дена Извршниот одбор ќе ги распише изборите, каде очигледно ќе има повеќе кандидати. Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата“, рече Бучковски.

Осврнувајќи се на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, Бучковски рече дека тој на овие избори бил потценет од страна на СДСМ, а всушност „си ја бетонирал позицијата на лидер на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Очигледно со овие резултати си ја забетонира неговата позиција како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно ќе помине со акламација на конгресот во ноември, а тоа висеше како отворено прашање“, рече Бучковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...

Стојанче Стефанов е 62-тата жртва од пожарот во Кочани.

Согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 1998 година. Станува збор за...

Дискотеката „Пулс“ ја зема 62 жртва- Почина 24 годишно момче.

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани,...

„Црвено, бело, дебело“: Погледнете како функционерот Антонијо Милошоски со јајце ја пренесува традицијата на неговите деца

Денес е Велики четврток ден кога домаќинките пред изгрејсонце ги вапцуваат првите три јајца во црвена боја. Симболиката на овие три јајца е следна, првото...