20.3 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаОЈО: Постои реална опасност двајцата осомничени да избегаат

ОЈО: Постои реална опасност двајцата осомничени да избегаат

Две лица се осомничени во акцијата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје бидејќи барале пари од бизнисмен за да се запре непостоечка постапка против него, за која тие го увериле покажувајќи му лажна обвинителска наредба за спроведување постапка.

За акцијата преку соопштение официјално се огласи скопското обвинителство наведувајќи дека првото лице е осомничено за измама, додека второто за лажно претставување.

Во соопштението ОЈО Скопје не наведуваат дека еден од осомничените е вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Иако според неофицијални информации во случајот тој е лицето што се гони за лажно претставување, од АНБ во изјава за државната агенција МИА демантираа дека вработени во Агенцијата се уапсени или инволвирани во случајот.

За осомничениот за измама, пак, извори во истрагата упатуваат на тоа дека станува збор за лице кое беше обвинето, а потоа амнестирано во предметот за настанатите од 27 април 2017 година во Собранието.

Според информациите од обвинителството, првоосомничениот за измама излажал дека има информации за наводна постапка од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција против физички лица и фирми. Тој на својот компјутер изготвил лажна наредба за отворање на наводната постапка со која уверувал бизнисмен за веродостојноста на неговите информации.

„Од еден од наводно осомничените во таа постапка и негов пријател побарал парична награда од 75 000 евра кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите конекции и врски што наводно ги имал со службени лица – истражители во обвинителството за да се запре постапката. Наредбата со невистинита содржина која му ја прикажал на оштетениот за да го увери во вистинитоста на своите тврдења осомничениот ја креирал на неговиот компјутер, со што го довел во заблуда оштетеното лице“, велат од ОЈО Скопје.

Во тоа му помогнал второосомничениот. Тој, како што соопштија од ОЈО Скопје, бил на средба со бизнисменот против кого наводно се водела постапка и лажно му се претставил дека е вработен во Управата за финансиско разузнавање и воедно дека е истражител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Средба за земање дел од парите кои ги барале се одржала во средата (3 ноември). Првоосомничениот се сретнал со бизнисменот во ресторан во Скопје и зел од него 5 000 евра, по што следуваше и акцијата за приведување.

Од ОЈО Скопје велат дека постои реална опасност двајцата осомничени да избегаат па затоа од Основниот кривичен суд бараат да им се одреди мерка притвор.

Извор: 360

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...