26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Охрид пред да го земе уверението побара благослов од отец...

Градоначалникот на Охрид пред да го земе уверението побара благослов од отец Партениј

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Примопредавањето на градоначалничката функција во Општина Охрид, ќе се случи во понеделник, 8ми ноември. Во градоначалничката фотеља повторно седнува доктор Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ, кој победи на неодамна одржаните локални избори во Охрид, ќе го замени интернистот Константин Георгиески, кој, пак, најави дека по завршување на политичкиот ангажман и се враќа на професијата.

<

Веднаш по примопредавањето на градоначалничката функција, ќе биде конституиран новиот Совет на град Охрид. Во него партиципираат две коалиции предводени од ВМРО ДПМНЕ (10) и СДСМ (8), ДУИ (2), Левица (1), Охрид пред се’ (1) и Охрид има план Б (1). Од партиски извори дознаваме дека формирано е советничко мнозинство кое ќе го предводи ВМРО ДПМНЕ, а во кое, неофицијално, уште ќе партиципираат и Левица и граѓанското движење Охрид пред се’, кое на изборите освои речиси 2000 гласа.

Советничкото мнозинство го обедини граѓанскиот концепт, односно интересите на граѓаните, кои ќе бидат во фокусот на идниот совет и на Градоначалникот. – велат нашите извори.

Во тек е формирање на тимот на градоначалникот кој треба да ја координира реализацијата на најавените проекти и програма со која Пецаков ја доби довербата од охриѓани, а се лицитира и со имиња на директори на јавните претпријатија, кои наскоро ќе добијат нови раководители.

Тој побара благослов од отец Партениј пред да го земе уверението за градоначалник на Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...