15.9 C
Ohrid
петок, мај 10, 2024
ПочетнаМакедонијаИсчезнатиот Мартин од Скопје ќе го бараат со подводен дрон, мајката и...

Исчезнатиот Мартин од Скопје ќе го бараат со подводен дрон, мајката и братот на пат од САД кон Халкидики.

Мајката и братот на 28-годишниот Мартин од Македонија патуваат од Америка каде живеат за да учествуваат во големата акција за пронаоѓање на младиот човек, пишува грчкиот весник Прототема. Мартин и понатаму се води како исчезнат во морето, како што изјави за prototema.gr претседателот на спасувачите волонтери, Христос Рамос.

28-годишникот беше однесен од морските струи кога заедно со двајцата спасени другари сакале да пливаат и покрај лошите временски услови, на познатата плажа „Мити“ во Посеиди, Халкидики.

Младиот човек, по спасувањето на 30-годишниот Иван, е единствениот од групата кој и понатаму се води како исчезнат, а властите и волонтерите се борат со невремето. Сите се надеваат на „чудо“ за спас на животот на 28-годишникот кој се води како исчезнат речиси 24 часа.

Работата на екипите за пребарување и спасување ја отежнуваат силните ветришта што од рано утрово дуваат во областа. „Има многу силен ветер, поради што чамците кои излегоа на море, дури и крајбрежната стража не може да работи. Засега истражуваме со пешачки делници и чекаме да видиме како ќе се развиваат временските прилики“, велат од спасувачките служби за Прототема.

Како што соопшти Христос Рамос, штом се подобрат временските услови, се очекува спасувачите да фрлат подводен дрон во водата што значително ќе помогне во потрагата.

Според последните официјални информации, во реонот се активни патролен чамец на крајбрежната стража и две крајбрежни пловила, додека хеликоптерот на воздухопловните сили пред малку ја заврши потрагата што ја вршеше од рано наутро.

Вчера од водите на Егејското море беше спасен 30-годишниот Иван кој успеа да преживее 18 часа во вода, држејќи се за топка.

Во саботата два часа по исчезнувањето спасувачките служби го спасија 25 годишниот Васил кого го забележал сурфер и повикал помош. (Р.Н.)

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“,

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот “Беласица”. - На ден 11.05.2023 година на ул....

Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата

Техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката Данела Арсовска, што поскоро да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда. Тој објасни...

УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ПО ПОРАЗОТ: Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и...

Обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа, забележуваат дипломатските кругови од Грција.

На употребата на името „Македонија“, без одредницата „Северна“, на почитувањето на Договорот од Преспа, но и на ставот на Грција за конкретното прашање, акцентот...