3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВозачот призна вина, но не изрази каење за смртта на Јелена од...

Возачот призна вина, но не изрази каење за смртта на Јелена од Куманово..

spot_img

Кумановецот Никола Стефановски, возачот кој беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици за сообраќајната несреќа во која загина малолетната кумановка Јелена Филиповиќ, денеска призна вина во судница на скопскиот кривичен суд, но не изрази каење за своето дело.

На денешното прво рочиште, Стефановски призна вина за делото за кое се товари и за кое е предвидена казна затвор од најмалку 4 години, пренесува репортерот на „Телма“ од судницата. Сепак, судијата во процесот не одлучил за казната затоа што семејството на загинатата Филиповиќ немаше адвокат кој на рочиштето само доставил откажување на полномоштво од лични причини.

Несреќата се случи лани во јануари на територија на скопски Илинден кога возачот Никола имал 20 години, додека загинатата Јелена била само неколку дена пред полнолетство. Во автомобилот со нив била и Тамара Петковска која била тешко повредена и исто така е оштетена на судскиот процес.

За случајот, пошироката јавност дозна откако гробот на починатата Јелена беше ископан на 11 октомври оваа година на кумановските гробишта, а сандакот и посмртните останки биле преместувани.

10 ноември
Eng
Shq
Република
67history

Возачот призна вина, но не изрази каење за смртта на Јелена, татко ѝ барал платен убиец зошто мисли дека намерно била убиена
ЦРНА ХРОНИКА
09.11.2021 / 11:07

Полицијата и кумановското обвинителство соопштија дека зад ова ископување и сквернавење на гроб стојат тројца кумановци, од кои двајца затвореници-крадци кои биле на празничен викенд, пуштени од Идризово. Наводно барале златен накит и вредни предмети во гробот оставени при погребот.

Семејството Филиповиќ пак смета дека раскопувањето е заканувачка порака за нив, а ден претходно мајката Гордана пријавила закана од познат сторител пред семејниот дом во кумановската населба Зелен Рид. Семејството на трагично настраданата и натаму смета дека сообраќајната несреќа не е причина за смртта на Јелена Филиповиќ, туку дека после сударот таа преживеала, но е убиена.

Таткото на загинатата пак е во притвор откако во август беше осомничен дека барал платени убијци за да го ликвидираат возачот кој ја усмрти неговата ќерка. Таа истрага се уште е во тек.

Денеска покрај обвинетиот кој се товари за тешко кривично дело во судницата биле дојдени и родителите на загинатата Јелена Филиповиќ. Таткото бил донесен од притвор.

Бидејќи немале адвокат кој го откажал полномоштвото сметале дека повторно нешто се прави во слуачјот, па судијката почнала да им обајснува што значи признание на вина од обвинет.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...