12.9 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Ќе чекаме до 12 да се појави Реџепи

Мицкоски: Ќе чекаме до 12 да се појави Реџепи

spot_imgspot_img

Се отвораат многу шпекулации за не појавувањето на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи во Парламентот и ниту претседателот, ниту премиерот немаат став околу тоа каде се наоѓа, изјави попладнево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски пред Собранието по прекинувањето на собраниската седница за гласање доверба на Владата.

– Ќе чекаме до 12 да се појави пратеникот. Треба најпрво да видиме дали е жив, здрав, прав, да видиме каде се наоѓа човекот. Освен на јазик различен од македонскиот и албанскиот, порака на социјалните медиуми, друго не знаеме, физички што се случува со човекот, дали е некаде мимо своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува, затоа што пратеници тукутака не исчезнуваат во тие заедници коишто тој ги наведе на својот Фесјбук статус, како што се САД и ЕУ. Претседателот на државата којшто е најодговорен во вакви ситуации заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот, бидејќи пратеник во македонското Собрание нема, истакна Мицкоски.

Лидерот на опозицијата рече дека тие „не знаат дали Реџепи е киднапиоран или доброволно се движи и избегал“.

– Не разбирам ако е доброволно, не беше денеска тука појавен. Ќе си гласаше. Ако беше против да падне оваа влада ќе си гласаше против, иницијативата ќе завршеше 60:60 и ќе го спасевме народот и јавноста од ваков срам. Вака се отвора простор за многу шпекулации, многу изјави од различни извори – дали се потврдени или непотврдени, дали се точни или неточни. Но, она што е јасно е дека власта се препелка во живата кал. Ако мисли дека ова е некаков политички триумф, не напротив. Мислам дека ова е голем срам за демократијата, голем срам за вредностите коишто се наведени во тој статус, нагласи Мицкоски.

Тој рече дека уште вчера се шпекулирало дека ова ќе се случи и дека ако се потврди дека се тргувало со пратеници „во државава веќе не вреди да се занимава човек со политика“.

– Да видиме што се случува со човекот. Ако не се појави, треба да даде одговор МВР. Јас како што знам, Билал Касами даде една изјава, рече дека пријавил, така што да видиме што ќе се случи, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски упати извинување до граѓаните во негово име и во име на ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече што мора да бидат сведоци на една ваква би рекол циркуска претстава која што денеска се одвива тука во Собранието.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

23 години од масакрот кај Вејце кога беа ѕверски убиени, а потоа запалени 8 македонски херои

Денеска се одбележуваат 23 години од масакрот кај Вејце — најкрвав и најбрутален масакр во поновата историја на Македонија. Масакрот се случи на денешен ден,...

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...