Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека неговиот официјален Твитер профил бил цел на хакерски напад.
„Сакам да ве информирам дека мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица. Be известувам дека во моментов, мојот твитер профил е надвор од моја контрола, и соодветно, последните активности не претставуваа дел ниту од моите интенции, активности, ставови, убедувања, ниту претставуваат официјални ставови на институцијата. Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адресати на социјалната мрежа “Твитер”, од каде очекувам брза реакција и враќање на официјалниот и верификуван профил повторно на мое управување“, пишува Османи.