7.5 C
Ohrid
среда, април 2, 2025
ПочетнаМакедонијаДанела: Галијата е завршена работа, нејзиното уривање ќе продолжи..

Данела: Галијата е завршена работа, нејзиното уривање ќе продолжи..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Галијата во коритото на реката Вардар ќе продолжи да се урива. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека галијата е завршена работа, има потпишано извршно решение од нејзиниот претходник Петре Шилегов.

<

„Таму се постапува. За другите две треба да видам како стојат работите, до каде се постапките па потоа ќе се одлучи што ќе се прави. Јас не би урнала ништо“, кажа Арсовска.

Пред неколку дена сопственикот на бродот објави видео како ги брка со навреди и псовки работниците кои работат на уривањето.

„Кај Петре да одите“, им вели тој псуејќи ги и бркајќи ги од бродот.

Бродот „Среќа“ кој е дел од трите галии поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“ почна да се урива пролетта. Сопственикот на бродот го тужи Град Скопје бидејќи според него бесправно се урива.

Ексградоначалникот Петре Шилегов при почетокот на уривањето кажа дека се исполнете сите услови за нејзиното отстранување односно сопственикот немал платено три кирии, што според договорот овозможува негово раскинување. Шилегов ја почна постапката за уривање и на бродот кај МЕПСО, но за него сè уште нема извршно решение поради тужба на сопственикот.

Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела. Освен што со години им дели бесплатен леб на оние...

Стерјовски: Ќе бараме да се учи македонски во Албанија

Лидерот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој е кандидат за пратеник на отворената листа на Социјалистичката партија (СП) за...

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%. Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите...

Поднесена иницијатива за смена на актуелниот претседател Перо Антиќ

Во Кошаркарската федерација на Македонија денес е поднесено барање за Вонредно собрание на кое ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите...