Пратеникот Кастриот Реџепи денеска на прес конференција посочи на денот на собраниската седница за гласање на недоверба на Владата самоволно се засолнил со цел да не дозволи земјата да отиде во правец кој е спротивен на неговите убедувања.
Четири дена по „потрагата“ по него и по неуспехот на иницијативата за недоверба на Владата, пратеникот Кастриот Реџепи, кој до скоро ги бранеше боите на Беса во парламентот се појави денеска претпладне во Собранието.
Прес-конференцијата што Реџепи ја најави во петокот, денеска почна со дваесетина минути задоцнување, затоа што пратеникот, како што рече, прво бил на седницата на Комисијата за финансирање и буцет, каде што денеска почнува расправата за буџетот за 2022 година.