25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 28, 2025
ПочетнаМакедонијаЌе се разгледуваат нови рестрикции – Болничкиот систем оптоварен од невакцинираните пациенти

Ќе се разгледуваат нови рестрикции – Болничкиот систем оптоварен од невакцинираните пациенти

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму, кажа министерот за здавство Венко Филипче во Дневникот на ТВ Канал 5, најавувајќи дека денеска Комисијата за заразни болести ќе има состанок на кој ќе бидат разгледани новимерки.

<

Новите рестрикции ќе се однесуваат на невакцинираните затоа што, рече Филипче.

Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравтвениот систем, изјави Филипче.

Посочи дека во изминатите денови комуницирале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои земји во Европа.

Потсети и дека од вчера е во сила мерката при влез во објекти и на настани граѓаните да приложат сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Досега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кривична пријава против две лица кои му се заканувале на пратеник од Струга

Поднесена кривична пријава против А.К.(35) и Б.К.(33), двајцата од струшкото село Велешта, осомничени за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопшти Министерството за...

Прав играорец: Али Ахмети заигра оро на свадба во Кичево

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше дел од веселбата на свадба во Кичево, каде што не одолеа на ритамот на зурлите и тапаните. Во...

Се уште трае потрагата по Теодора, семејството бара поголем ангажман од надлежните институции

Семејството на Теодора Бабарчиќ моли за било каква помош за пронаоѓање на 16-годишна ќерка Теодора Бабарчиќ која во четвртокот попладне исчезна во водите на...

Се судрија мотоцикл и трактор во Штипско: тешко повреден 15-годишник

Вчера околу 09.20 часот во СВР Штип било пријавено дека во с.Радање, општина Карбинци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван...