23.9 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаВелешанецот Димче Ацков изгради екосело од кал и слама

Велешанецот Димче Ацков изгради екосело од кал и слама

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Македонија не можеш да гладуваш, сѐ има во природата: малинки, печурки, бадеми, јагоди, диви цреши… Но, не знаеме да го цениме тоа. Ние не знаеме ниту колку шума имаме, а зборуваме за здрава животна средина, смета Ацков.

<

Екологист, заштитник на природата, авантурист. Велешанецот Димче Ацков, кој пред неколку години го изгради единственото екосело во Македонија во близина на реката Тополка во Велес, е сето она кон што сме се стремеле, но сме му свртеле грб кога сме се заглавиле меѓу градските ѕидини.
А, на неколку стотици метри пред некогашната „Порцеланка“, меѓу грмушките ѕиркаат куќичките со заоблен покрив слични на сцените од филмот „Хобит“, кои Димче ги изградил од камен, кал и слама. Меѓу нив веднаш се чувствува енергијата што тој постојано ја потенцира при своите обуки за градба на кои досега учествувале стотина луѓе.

– Откако ги изградив куќичките, има голем интерес за начинот на градба, па организирам работилници. Ова лето организирав десет, се дружевме во природа, приготвувавме традиционална македонска храна, учевме за природна градба и како да се направи куќа од еколошки материјали. Имаше голем интерес, доаѓаа од цела Македонија, но имав и гости од странство. Иако малкумина, сепак, дојдоа од Бугарија, Португалија, Србија, а имав на гости и еден Русин

Гостите со свои очи видоа како гостопримливиот Димче, целиот во кал и босоног, од зори до зајдисонце работи за да си го оствари сонот – да изгради оригинално екосело, прво во Македонија, и да создаде вечна шума која ќе биде во сопственост на луѓето, а не на државата.

– Сакав со изградбата на ова екосело да дадам личен пример како може да се живее без да се загадува природата и да покажам дека можеме да создадеме синергија со природата, која ни дава буквално сѐ. Најдобро од сѐ е што можеме да живееме со сите удобности што ги имаме во природниот свет – истакна Димче Ацков.

За да го изгради екоселото, Димче требало само да ги почитува законите на природата и да ја искористи методата на еден ирански архитект кој градел слични куќи. Ја направил прво малата, па поголемата куќичка, па куќичките на своите животни. Сѐ што му треба на Димче се камен, земја и слама. Не му треба ниту механизација, а може да работи и сам.

– Куќата треба да има добар темел и добар покрив. Темелот мора да трае 100 години и затоа е од камења, врз кои се ѕида со земја, па потоа се става покрив од трски или од земја. Најважно е да се гради со она што го има во околината на градбата, ако е камен, со камен, ако има глина, се гради со глина, исто како што правеле нашите предци – објасни Ацков и додаде дека неговото село е систем на самоодржување со користење енергија од соларни панели, чиста вода од бунар и производство на здрава храна.

Впуштајќи се во секојдневието, Димче брзо сфатил дека живее во средина во која ги нема основните работи за живот, како чист воздух, чиста вода и здрава храна. Затоа заминал на имотот кој го наследил од својот дедо.
За повеќе детали,Тука
Факултети мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...