21.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаРомите во Скопје ќе протестираат против полициската бруталност спрема нив !!

Ромите во Скопје ќе протестираат против полициската бруталност спрема нив !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Минатата недела пак, граѓани заедно со независниот полициски синдикат со протестен парш во Битола побараа ослободителна пресуда за полицаецот Гоце Петковски кој е осуден на една година затвор за прекумерна употреба на сила врз припадник на ромската заедница
Ромското здружение „Аваја“ за денеска најавува протестен марш во Скопје против полициската бруталност.

<

Протестот е поврзан со случајот во Битола од минатиот септември, кој беше снимен и објавен на социјалните мрежи, а каде се гледа како полицаец физички напаѓа Ром пред Поштата во градот, откако возачот под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа и агресивно се однесувал кон полицијата.

За случајот полицаец е неправосилно осуден на една година казна затвор за сторено кривично дело малтретирање при вршење служба.

Ќе ја поздравиме одлуката на Основниот Кривичен суд за случајот полициска бруталност-Битола и ќе се упатиме кон Јавното Обвинителство за да побараме да се процесира кривичната пријава во која сите 5 лица се јавуваат како жртви. Пресудата за прв пат одредува затворска казна од една година за полициска бруталност. Очекуваме Апелациониот суд да ја потврди пресудата и таа да стане правосилна!“,

се вели во најавата за протестот.
„Маршот за правда“ ќе почне во 13 часот од Кривичниот суд во Скопје, а ќе заврши пред Обвинителството.

„Маршот за правда треба да не обедини сите! Време е Ромите да ја почувствуваат правдата!“,

порачаа од „Аваја“.
Минатата недела пак, независниот полициски синдикат и Независниот синдикат на затворската полиција и администрација одржаа мирен протест на Широк Сокак и битолските улици и побараа ослободителна пресуда за полицаецот Гоце Петковски, укажувајќи на низа пропусти во постапката.

Според синдикатите, на Петковски му е изречена казна која го доведува во опасност моментот на идни интервенции на полицијата и најавија иницијатива за измени на Законот за кривична постапка за полициските лица вработени во Министерството за внатрешни работи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...