29.9 C
Ohrid
петок, јуни 27, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерството за транспорт почна постапка за одземање на лиценцата за работа на...

Министерството за транспорт почна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Беса Транс“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерството за транспорт почна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Беса Транс“ по сообраќајката на нивниот автобус во Бугарија во кој загинаа 46 патници бидејќи од досега добиените сознанија превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, информираше вечерва на прес-конференција ресорниот министер Благој Бочварски.

<

-Опожареното возило не било пријавено од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски, потенцираше Бочварски.

Изразувајќи жалење за жртвите во автобуската несреќа, Бочварски посочи дека Министерството за транспорт и врски во соработка со другите државни институции и бугарските власти максимално работи на утврдување на сите причини за настанатата несреќа.

Владата на денешната седница го задолжила Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор. Контролата и надзорот над превозот на патници и стоки во домашниот и меѓународниот патен сообраќај, потенцираше Бочварски, е надлежност на Државниот инспекторат за транспорт.

Бочварски, прецизрајќи ги надлежностите на овој ресор, повтори дека превозникот до Министерството за транспорт и врски доставил барање на 18.07.2018 година заведено под број 08-4127/1 за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Кон барањето е доставена целокупната документација согласно член 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај, со што ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници. Кон барањето превозникот доставил уредна документација со важечки потврди за исполнување на техничко-експлоатационите услови со еуро стандард на возилата Еуро 3 стандард и Еуро 4 стандард. Исто така, доставил и список од ПИОМ на вработени возачи во редовен работен однос. Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година.

Според комплетната документација содржана во системот на Министерството за транспорт и врски, рече Бочварски, превозникот до овој момент има уредна лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

-Во системот на Министерството за транспорт и врски конкретниот превозник е заведен со 4 возила кои поседуваат лиценца за превоз. Според член 11 став 1 од Законот за превоз во патниот сообраќај, превозникот може да започне да врши превоз на патници во внатрешени и меѓународен патен сообраќај, откако ќе добие лиценца и извод од лиценца за моторно возило. По добиените информации од Министерството за внатрешни работи за опожареното возило, констатиравме дека истото не било пријавено од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски, рече Бочварски.

При констатиран недостаток во работењето и по предлог на Државен инспекторат за транспорт, потсети, Министерството за транспорт и врски може да ја одземе лиценцата за работа на превозникот. Министерството издава лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници како и извод од лиценца за секое возило поединечно. Возачот кој врши меѓународен превоз на патници е должен да поседува меѓународен сертификат за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки.

Бочварски воедно изрази уверување дека Министерството со своите служби останува отворено за понатамошна соработка со сите институции, со цел расчистување на, потенцираше, оваа страшна несреќа која не погоди сите нас.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови.

Една година Ескобар Струга – забава со Балканикос, коктели и италијански вкусови! ЕСКОБАР СТРУГА слави 1 година постоење – и вие сте поканети на роденденска...