6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонија„ДУРМО ТУРС“ НЕ ОДГОВАРА ЗА ЛАСКАРЦИ, А НЕ БИ ОДГОВАРАЛА НИ „БЕСА...

„ДУРМО ТУРС“ НЕ ОДГОВАРА ЗА ЛАСКАРЦИ, А НЕ БИ ОДГОВАРАЛА НИ „БЕСА ТРАНС“ ЗАШТО ВО НАШИОТ ЗАКОН НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ФИРМИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ДЕЛИКТИ

Семејствата на 16-темина починати патници, како и на оние кои ја преживеаја тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци во февруари 2019, а останаа инвалиди, речиси три години чекаат правдата да ја донесе Основниот кривичен суд Скопје.

До крајот на годината, нема ни теоретска шанса да заврши ова предолго судење за кое има куриозитет дека сложената истрага и вештачењата обвинителот ги заврши за околу три месеци.

Во овој предмет е интересно што е обвинет сопственикот на автобускиот превозник „Дурмо турс“ чиј што автобус поради техничка неисправност се преврте на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари 2019 година, а не и „Дурмо турс“ како правно лице. Затоа, уште следниот ден по несреќата, автобусите на „Дурмо турс“ парадираа низ државата и си возат и до денеска, како ништо да не се случило.

Ова е така, зашто во Кривичниот законик, во делот за Сообраќајни деликти, не постои одговорност за правни лица. Како што не одговара компанијата „Дурмо турс“, нема да може да одговара ни „Беса транс“, ако евентуално се откријат неправилности во водењето на транспортната компанија, бидејќи нема кривична одговорност за фирми за деликти во сообраќајот.

Затоа немаше одговорност ни за бродски несреќи, а не би имало ни против авиокомпании, кога не дај боже, тука би се случила и авионска несреќа.

Одговорност е предвидена само за физички лица, како што е на пример обвинетиот сопственик на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули за трагедијата кај село Ласкарци.

Судењето за случајот „Ласкарци“ почна во септември 2019 година, има над 100 судски рочишта досега и не може да се одглави. Го води судијката Дијана Груевска, втор судија е судијката Александра Ристеска.

Ова судење, поточно пропустите во него, меѓу правниците важат за пример од кој може да се извлечат заклучоци „како не треба“ да се води судење и да биде повод да се направат судски реформи.

Експертската јавност се чуди дека ќе се воведува непрецизирано кривично дело безобзирно однесување во сообраќајот, а се испушта да се казнуваат правни лица, па велат дека како што не одговараше „Дурмо турс” за техничката неисправност на автобусот што се преврти, така нема да одговара при евентуална таква вина ни „Беса транс”.

Уште кога почна процесот за „Ласкарци“, судијката Груевска дозволуваше да има бескрајни приговори од одбраната и од обвинетите. Им се дозволуваше на адвокатите на обвинетите да приговараат по сто пати и да беседи до бескрај секој од адвокатите кога ќе го фати микрофонот и ќе добие збор.

Тоа е многу користена тактика во Основниот кривичен суд со која судии овозможија на пример да се вратат на почеток од нула најголемите коруптивни случаи од режимот на Никола Груевски и на тогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ и некои од нив да застарат.

Залудно беа закажани и по 4 рочишта месечно, „Ласкарци“ се закопуваше низ процедурални лавиринти со дозвола на судот, односно на двете судијки. Потоа фати силниот бран на пандемијата со корона и судењето уште толку успори. Имаше заразени во постапката, еден адвокат почина.

Секогаш кога ќе тргне малку, веднаш се закочува со удоволување и со прифаќање на сите барања на одбраната. Најново е барањето за супервештачење на доказите, што судот им го прифатил. Онака, без образложение.

На толку свои вештачења, сите презентирани пред судот, останува заклучокот дека се сомневаат во своите претходни вештачења, направени за да се побијат тие на обвинителот Дарко Јакимовски, па сега бараат супервештачење и тоа судот пак им го удоволува за да го развлекува и натаму судењето за најстрашната автобуска несреќа случена на наша територија.

Роднините на загинатите и на повредените се огорчени и отворено кажуваат дека се сомневаат во пристрасност на судот кон дел од обвинетите, особено на тие што се блиски како што велат, до владејачката ДУИ.

Во овој долг процес обвинет е и возачот на автобусот Мануел Трифуновски, раководителот на возниот парк на „Дурмо турс“ Ремзи Мифтари и тројца вработени во станицата за технички преглед во Гостивар (Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски), како соучесници во фалсификувањето на податоците за техничката исправност на автобусот што се преврте.
За повеќе детали,Тука Sdk.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...