14.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаРоднините во неизвесност – Османи: Јас сум мост за комуникација меѓу нив...

Роднините во неизвесност – Османи: Јас сум мост за комуникација меѓу нив и институциите

spot_imgspot_img

Роднините на патниците кои беа во опожарениот автобус, од вчера во неизвесност чекаат пред вратите на болницата во Софија. Асим Селами од Количани, во трагичната несреќа во Бугарија ја загуби ќерката и зетот. Од вчера е во Бугарија за да ги земе телата, но, како што вели, сѐ уште не ги идентификувале. Изразува револт поради недостиг информации од страна на институциите и поради тоа што блиските роднини на преживеаните чекаат без некоја поконкретна информација.

„Дојдовме бидејќи ќерката и зетот починаа во несреќата. Чекаме на ДНК анализи и треба да одиме во судска медицина“, истакна Асим Селами.

Али Селмани пак, од скопско Количани, во стравотната трагедија загуби тројца членови од семејството, а во болница се згрижени уште четворица, меѓу кои и сопругата. За повредените им рекле дека се во добра состојба, но и покрај тоа не им дозволуваат да ги посетат. На трагично настраданите, како што дознал од братот на сопругата, денеска им бил земен ДНК материјал за идентификација.

„Ние немаме никаков контакт ниту со Амбасадата, ниту со некој друг. Апелирам и до нив, и до вас, медиумите – овој процес да заврши што поскоро. Не знам што да кажам, колку повеќе чекаме, толку поболно е за нас. Добивме информации дека преживеаните се во добра состојба“, додава Али Селмани.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пристигна во приватната болница во која се третираат седуммината преживеани патници. Вели дека е тука за да ја олесни комуникацијата меѓу роднините и институциите во Бугарија.

„Причината зошто дојдов тука е за да ја олеснам комуникацијата со семејствата, со луѓето. Верувам дека нема да има потреба сите да се идентификуваат преку ДНК, така што, тука сум за да станам мост меѓу роднините и институциите во Бугарија“, посочи Бујар Османи.

Обдукцијата на телата на жртвите во автобуската несреќа се очекува да заврши до крајот на денот, а идентификацијата до крајот на неделата, по што нашата држава ќе организира пренесување на останките во Скопје, рече Османи. ТВ21 контактираше со директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, кој рече дека се наоѓа во Софија и дека се земени примероци од роднините, додавајќи дека до утре се очекува да излезат и резултатите од обдукцијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...