16.5 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаКога градоначалникот објави дека ќе започне изградбата на булеварот одма го искараа,,...

Кога градоначалникот објави дека ќе започне изградбата на булеварот одма го искараа,, – Проектот бил на СДСМ !! -Кога дојде време да се пресечат неколку дрвја, тогаш новиот градоначалникот од ВМРО бил крив !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Уште еднаш докажавме дека како народ сме “ни води ни терај”.

<

Ако не се направи ништо, зошто не се направило,  ако некој нешто најавил одма ќе кажат ова беше од предходниот градоначалник, кога ќе се пресечат неколку дрвја одма новиот градоначалник е крив.

Деновиве започнаа работни активности за реконструкција на булеварот „Македонски Просветители“ согласно правосилно решение издадено од страна на Министерството за транспорт и врски бр.28 УП-208/2020 Е од 10.11.2020г.

Со реконструкцијата на улицата ќе биде отстранет стариот дрворед од липи и костени. За таа цел согласно член 34 од Законот за урбано зеленило од страна на Градоначалникот донесено е решение УП бр. 21-824 од 22.11.2021г. за отстранување на 49 липи и 13 костени кои се дрва со надмината физиолошка и биолошка возраст, дрва нападнати од карантински болести и штетници со значителни физички оштетувања по разни основи и заболени дрва кај кои не постои можност за успешно санирање на нивната здравствена состојба. Овие стебла се наоѓаат на потегот од пресекот со Кеј „Македонија“ до пресекот со ул. „Даме Груев“ и ќе бидат отстранети при изведување на првата фаза од реконструкцијата на бул. „Македонски Просветители“.

На гореспоменатиот потег се наоѓаат и 10 млади стебла од јавор кои ќе бидат пресадени на друга локација.

По завршување на градежните активности, согласно предвидениот проект ќе биде засаден нов дрворед со соодветни садници, велат од Општина Охрид.

Дека станува збор за стари и заболени дрва говори и фактот дека во минатото на овој дел се имаат случено неколку незгоди.

Последниот незгода се случи пред две години кога кај судот падна дрво и беа оштетени два автомобили и беше причинета поголема материјална штета.

Според пишувањето на дел од медиумите дрвото било труло и со оштетен корен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...