27.9 C
Ohrid
среда, август 6, 2025
ПочетнаМакедонијаЕднаш патував со „Беса транс“ и никогаш повеќе, раскажува атлетичарката Дрита Ислами

Еднаш патував со „Беса транс“ и никогаш повеќе, раскажува атлетичарката Дрита Ислами

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Најпрвин, сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите“, ја почнува атлетичарката Дрита Ислами својата приказна за искуството со патувањето со агенцијата „Беса турс“ кон Бугарија. „Чувствувам потреба да ги споделам ова лошо искуство, затоа што се работи се за истата агенција што уби 45 луѓе на истото место, во Бугарија“, вели таа.

<

„Во 2019 година, кога требаше да одам на Софискиот аеродром, купив билет од оваа иста компанија. Нивното возило беше запрено од полицијата за технички преглед. Полицијата го запрела уште двапати истата недела но некако го пуштила, но овој пат НЕ. Заедно со петмина други патници, бевме сведоци дека тоа возило на компанијата не го помина тестот за кочење. Рачната кочница воопшто не работеше!!“, раскажува нашата најдобра атлетичарка за порталот Алмакос.

„Тогаш, бевме принудени да го продолжиме патувањето со друго, приватно возило, чијшто возач всушност беше „резервен“, во случај првото возило да не го помине техничкиот преглед. Обичен автомобил за пет луѓе, а ние заедно со возачот бевме седуммина, неколкупати ги ризикувавме животите по патот. Нѐ запре бугарската полиција за пребрзо возење, а возачот ги поткупи полицајците со само десет евра!“, вели Ислами за СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Извор: Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дарко Влогс: „Бев жртва на семејно насилство – сопругата ме тепаше во Америка.

Дарко Јефремов, во јавноста попознат како Дарко Влогс – некогаш а богами и сега еден од најследените Македонци на Инстаграм и познат влогер од...

Богојески: Вранишковски да се одлучи – дали е српски или македонски владика!

По повод присуството на т.н. владика Зоран Вранишковски на прославата на Илинден на Мечкин Камен, користејќи возило со српски регистарски таблички, претседателот на Македонски...

МПЦ-ОА основа фирма за бизнис со струја со австралиски и црковен капитал.

Централниот регистар го запиша новото трговско друштво „КОНСТАНТИН ЕНЕРЏИ ДОО Скопје“, чија примарна дејност ќе биде производство на електрична енергија од обновливи извори, објави...

Убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал и пиел по кафеани !!!

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За...