25.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаЗабаваГо тужи гинеколот на нејзината мајка бидеќи се родила !!!

Го тужи гинеколот на нејзината мајка бидеќи се родила !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еви Тамбс (20) од Скегнес во Англија, ѕвезда на препонско јавање, најави необична тужба. Таа е родена во 2001 година, а набргу по раѓањето и била дијагностицирана спина бифида – расцеп на рбетот.

<

Поради оваа тешка болест, Еви често поминува 24 часа на ден прицврстена за цевките кои ја одржуваат во живот. Поради оваа состојба, нејзиниот ‘рбет и ‘рбетниот мозок не биле развиени како што треба во утробата на нејзината мајка, но оваа млада девојка успеа да постигне неверојатна кариера во препонско јавање.
Еви решила да го тужи докторот на нејзината мајка, д-р Филип Мичел, бидејќи тој не ја советувал нејзината мајка да зема суплементи пред бременоста кои би ја спречиле оваа состојба. Имено, таа тврди дека, доколку докторот и кажел на нејзината мајка Каролина дека треба да зема фолна киселина и други додатоци пред бременоста, би се намалил ризикот да се роди со оваа болест.

Тогаш, според Еви, Каролина би ја одложила бременоста и Ева немала да се роди.

Сега од докторот Еви бара милионска отштета во име на тоа што е родена болна, а и требаат милиони за да се одржи во живот.

Докторот одбива одговорност и вели дека и дал „разумни совети“ на нејзината мајка, но и на секој пациент. Каролина тврди дека нејзиниот лекар не спомнал дека овие додатоци се задолжителни:

„Да го добиев вистинскиот совет, ќе ја одложив бременоста и ќе го подготвев телото за тоа, па ќе родев нормално, здраво бебе, генетски различно од Еви“, изјави таа на суд.
Извор: Вечер

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...

Ангела и Андреј, последните пациенти повредени во пожарот во Кочани ја напуштија болницата во Белград

По речиси три месеци од трагедијата во Кочани, последните пациенти кои се лекуваа во Универзитетскиот клинички центар во Белград од повредите во пожарот во...

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...