13.3 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаСе јави и осмиот патник: Погрешно товарените куфери ми го спасија животот.

Се јави и осмиот патник: Погрешно товарените куфери ми го спасија животот.

spot_imgspot_img

Среќа или судбина го спаси 30 годишниот Џафер од автобуската катастрофа во Бугарија. Погрешно товарени куфери е клучниот момент тој да остане жив. Наместо во автобусот кој изгоре, тој во последен момент поради багажот се качил во друг автобус на компанијата Беса Транс. Таткото Екрем долек за сител ја раскажува неверојатната случка која е среќна околност што му го враќа синот дома.

За случувањата слушнавме и лично од Џафер кој се уште е во шок и не се чувствува добро за да говори јавно. Тој вели дека сите патници се евидентирале на влегување па така неговото име е запишано во автобусот со кој пристигнал во Скопје. Тие биле први во колоната и со нив патувале сопствениците на компанијата. Автобусот кој настрада возел зад нив. Моментот не го забележале бидејќи спиеле се до граница кога и дознаваат за трагедијата. Џафер раскажа дека не биле свесни што точно се случило, само слушнале дека еден автобус се запалил и има 40тина жртви а сопствениците нервозно го напуштиле автобусот и тргнале одма назад.

Момчето вели веднаш почнал да ѕвони кај пријатели кои биле во другите автобуси за да провери како се. Еден од нив е и таткото на најмладите жртви во трагедијата, кој за жал не му одговорил на повиците. Семејството Долек два дена е во шок истовремено среќни за синот Џафер но и тажни поради загубата на голем број пријатели од нивното соседство во Чаир.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...