27.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонија„Ова е последната слика од мојот татко“: Од Турција купил велосипед за...

„Ова е последната слика од мојот татко“: Од Турција купил велосипед за мојата мала ќерка- низ солзи раскажува скршениот Бесар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Кадрим Мемеди е името на вториот возач, а неговиот син Бесар ексклузивно за телевизија Алсат даде интервју во кое вели да не се злоупотребува настанот.Алсат: Бесар, може да ни кажеш како ја дозна горчливата вест за смртта на твојот татко?

<

„Јас секое утро станувам и го будам татко ми. Со утрински аларм станувам, татко ми има исклучен телефон. Читам по портали и од тој момент разбрав дека во несреќата е и татко ми. Од тој момент јас тргнав за Бугарија. Отидовме директно во болница, не можеше да се оди по автопат ниту да се доближиш. Кај болницата, само сакав да видам дали е жив или не. Ништо повеќе. Како и сите други кои имаа своја тага, ги разбирам сите нив, никому не му е лесно. Никој не сакаше да се случи ова. Вака е пишано од Бога. Во болница ми дадоа листа да видам дали е татко ми на листа или не, тие од преживеаните. Ја видов листата, татко ми не беше на листата. Со тоа што не е во листата, разбрав дека починал. Јас од таму тргнав кон дома. Тоа е се. Апелирам сите што го злоупотребуваат овој настан, ние сме во тага. Не пишувајте, не коментирајте и да давате неточни заклучоци. Се пишува дека јас сум бил и сум идентификувал дека татко ми е, дека тој спиел на местото за одмор на возачите. Тоа никој не го знае. Знае само Бог. Ова се дезинформации. Апелирам да не пишувате неточни работи. Ние сме во тага.

Секој роднина кој загубил свој близок, и јас го изгубив родителот. Сега сум сам….

Алсат: Дали колегите ви го донесоа аманетот на твојот татко?

„Не можеа да го донесат аманетот на мојот татко. Но јас го направив своето. Еве, тука е последниот разговор со мојот татко. Требаше да донесе велосипед за мојата мала ќерка. Татко ми ми побара заедничка слика од мене и ќерката. Јас му испратив слика со ќерката. Еве ја сликата, јас и мојата ќерка, ако може да фати камерата….јас му реков ако може, ќерката бара на слика да го види велосипедот. Еве последната слика од мојот татко со велосипедот. Но не стигна кај мене ништо. Јас аманетот го спроведов, на ќерката сам и купив велосипед“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...