14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПоловина од возниот автобуски парк во Македонија треба да се прати на...

Половина од возниот автобуски парк во Македонија треба да се прати на топење во скопска Железара

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Репарирани стари автобуси, со фалсификувани документи како нови се возат по патиштата низ Македонија, а државата замижува на тоа, тврди за Телевизија 24 Златко Велковски, поранешен сопственик на туристичка агенција и екс возач на автобус, пренесува Телевизија 24.

<

Велковски, кој е добар познавач на состојбите во автобускиот транспорт, вели дека фирмите не ги почитуваат законите за превоз на патници, а полицијата и инспекциите не ги санкционираат. Резултат на тоа се честите автобуски несреќи кои се случија во последните неколку години.

Превозниците немаат пари за скапи автобуси. Тоа ги тера да нудат ниски цени, што значи неквалитетна услуга. Законот обврзува за секој автобус да има вработен возач, но речиси ниту една компанија во земјава не го почитува. Инспекторатот надлежен за контрола крева раменици – не можеме да престасаме.

Замижувањето при техничките прегледи на возилата и здравствените на возачите, немањето дозволи и лиценци, претоварувањето на автобусите, во опасност го доведува дури и ученичкиот превоз.

Министерот за транспорт Благој Бочварски за Студио 10, запрашан зошто автобусите во земјава често се расипуваат среде тура, вели дека тоа е работа на друга институција.

И додека надлежните си ја префрлаат одговорноста, Велковски вели дека решението е едноставно. Наместо партиски послушници, во институциите да се вработат професионалци, во автобусите да се забранат тахографи со ленти и да се воведат дигитални, а поставувањето камери кои ќе го снимаат и патот и внатешноста во автобусите да биде задолжително.

Целиот прилог на Телевизија 24 можете да го погледнете во видео подолу.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...