-2.1 C
Ohrid
недела, ноември 24, 2024
ПочетнаUncategorized @mkБожидар Божиновски: Бидете гласни, животот во молк ќе ве убие, ќе бидете...

Божидар Божиновски: Бидете гласни, животот во молк ќе ве убие, ќе бидете статистика на митинзи, гласачко ливче

Виртуелното кафе го пиеме со неповторливиот Божидар Божиновски или Моџо Килингтон. Верувам дека барем еднаш во својот живот сте слушнале за оваа личност или пак сте прочитале некој негов статус на социјалните мрежи кој што несомнено ве насмеал, па ајде да го запознаеме подобро кој е Божидар.

Денеска е промоцијата на вашата нова книга „Уништување.“ Познат сте како автор на книги со силно чувства. Дали и во оваа книга да го очекуваме истото?

– Се разбира, колку е постигната целта не би можел да кажам, тоа треба да заклучот читателите. Инспирација е вечната потрага по себе, расчекорот меѓу желбите и реалноста, желбите и желбата твоите желби да не повредат други. Во книгата се испитува оваа граница на топење кога човек е соочен со минливоста и стравот дека нема време. Дали да направи сѐ што сака или сѐ што сакаат неговите блиски, општеството и шемите на примерно однесување кои ги налага граѓанскиот морал.

Како автор на книгите секогаш е потпишан Моџо Килигтон. Зошто? Има ли разлика од Моџо до Божидар?

– Моџо нема лична карта и кредити, му завидувам некогаш. Псевдонимите се нормални во дигитално време, а и помагаат да се измислиш од ново, некој вид алтерего. Ниту во литературата не се непознати псевдонимите. А и подобро звучи Моџо од Божидар, во секој случај.

Покрај тоа што сте писател, вие сте и сценарист. За „Фчерашни новости“ ве викнаа од дома. Што се случи со овој проект, зошто прекина и дали постои можност да продолжи да се емитува?

– Се случи живот најверојатно. Убаво беше додека траеше, но сите убави работи мора да завршат. На крајот веќе сите бевме исцрпени, уморни од пет години создавање и ни требаше прекин. Се надевам дека некогаш ќе се вратиме со можеби нешто јубилејно или нешто посебно, иако веќе сме сите дисперзирани во други работи.

Исто така сте дел и од креирањето на најактуелната македонска серија „Преспав.“ Кажете ни повеќе околу вашето искуство таму.

-Искуството е освежувачко, нов тим и многу за учење за мене, затоа што од политички науки е поинаку да пливаш во сценаристички води. Големо е задоволството да се работи со имињата кои ја движат теливизиската и филмската продукција во Македонија и ми е чест што можам да сум бар мал дел од тој мозаик.

На социјалните мрежи ве познаваме како човек „без пардон“ кој што секогаш има да го каже она што реално го мисли. Често коментирате политички случувања. Дали сте имале притисок на било каков начин?

– Засега не, 120 со 80, ко на бебе на дијазепами. Имало спорадични закани, ама нешто сериозно засега не, од никоја страна. Можеби затоа што не зависам од државата и не сум дел од тој систем.

Кој политичар ви е „муза“ за пишување на интересни статуси и зошто?

-Секогаш е власта и секогаш оние кои, по кое мислење, кое не мора да е точно, грешат. Претходно беше Груевски и неговата свита, Заев и неговите, па со оставката ќе видиме кој ќе дојде. Се надевам некој што конечно нема да прави многу глупости и ќе не доведе во мирни води каде што ќе правиме муабет за книги, храна, вежбање, боја на завеси или што и да ги интересира луѓето во земјите во кои животот не е сведен на преживување.

Младите се често разочарани од тековната ситуација во државата. Што би им препорачале вие? Дали мислите дека јавното мислење на луѓето преточено во коментирање на социјалните мрежи би можело некако да ја смени ситуацијата во која моментално се наоѓаме?

–На младите би им препорачал да мезат пред да пијат и еден активен јаглен пред легнување, да се ко нови нареден ден. И поважното, да се гласни во она што им недостасува во општеството, во образованието, во животот. Може вашиот глас некогаш ќе ви биде наплатен со омраза, со механизмите за притисок на која и да е власт, може ќе ве воведе во проблеми. Но, животот во молк ќе ве убие, ќе бидете млади и мртви, статистика на митинзи, гласачко ливче кое се надева да биде вработено во државно. Не си го придавајте животот за кусур кој некој локален партиски шеф ќе ви го фрли. Можете подобро.

Целиот текст тука.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...

Пронајден е исчезнатиот Виктор Николиќ од Младо Нагоричане

Виктор Николиќ (41) од кумановско Младо Нагоричане кој во петокот беше пријавен како исчезнат е пронајден жив и здрав, во атарот на Пармакови ниви.

Почина Борјанчо Мицевски, поранешен градоначалник на Крива Паланка

На 53 годишна возраст почина Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка во периодот од 2017 до 2021 година. Оваа жална вест ја соопшти поранешниот МВР...

Автопатот Кичево Охрид ќе се прави и во зима !!!

Денес заедно со министерот за транспорт Aлександар Николски,градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и пратеници во сообранието на Република Македонија извршивме увид во градежните...