-0.1 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПоследно збогум: Славните личности во Македонија се збогуваат со актерот Славиша Кајевски,...

Последно збогум: Славните личности во Македонија се збогуваат со актерот Славиша Кајевски, кој почина на 39 години.

Веста ја соопштија од Македонскиот народен театар. „Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Нè остави збунети, во болка и во неверување! Нè остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш нема да бидеш дел од некое минато време, туку дел од нас, овде и сега. За оние кои те познаваат, остана празнина во душата и на сцената на МНТ поради твојата сеприсутност на сцената и како верен колега, пријател и човек. Останавме без твојата безрезервна љубов и поддршка, твојата емотивност и грижливост за сите колеги зад сцената“ – напишаа од МНТ на Facebook.

Македонските славни личности со емотивни објави се збогуваат со својот колега, пријател, соработник и другар.

Пејачката Елена Ристеска го сподели спотот за „Опасно време“ со Славиша и напиша: „Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи.. не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша“.

Каков удар сине. Монструозен и подмолен шок. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу… одмори се и поздрави ги другарите“ – напиша Весна Петрушевска.

Македонскиот режисер Владимир Милчин на Facebook се збогуваше со зборовите:

„Замина Славиша. Го напушти светот на неправдите. Бремето стана претешко. Му натежна бесчувствителноста на околината. Го дотолчи молчењето. Вечна нека му е славата!“

Јелена Јовановска низ солзи му посака светол пат на Славиша. „Ама зошто бе Славиша, зошто? Нека ти е светол патот“ – напиша таа.

Кристина Арнаудова: „Денес нашиот Славиша Кајевски, нашиот пријател, голем актер, душа памук,секогаш спремен за забава и шеги, со кој имаме поминато многу незаборавни моменти, замина од каде што враќање нема… Почивај во мир душо убава и чиста, немаме зборови да ја искажеме нашата тага и неверување. Другарот на Алескандар со кој цело време си правете муабет за ракометот. Ќе недостигаш…многу…на сите! Нашето семејство нема никогаш да те заборави…. Ова е последен поздрав од нас , Кристина,Александар, Максим и Матео…..летај душо сега. Таму е сигурно подобро…“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа...

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод...

Драма во Гевгелија: Шоферот на Брзата помош го претепал лекарот !!

Во Полициската станица Гевгелија, вчера попладне Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички...