7.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЈанкулоска сведочеше за сефовите во партијата, парите лично одеа кај Груевски

Јанкулоска сведочеше за сефовите во партијата, парите лично одеа кај Груевски

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше во случајот „Плацеви на Водно“ за начинот на кој се финансирала ВМРО-ДПМНЕ додека таа била генерален секретар а Никола Груевски лидер на партијата.

Јанкулоска рече дека Груевски лично ги договарал донациите и дека донаторите понекогаш парите му ги давале директно на него.

– Во овој период ВМРО-ДПМНЕ за цело време имаше блокирана сметка, меѓутоа тековното работење на партијата, и покрај сите тешкотии, некако функционираше на база на донации кои на доброволна основа ги даваа физички лица. Донаторите беа прилично воздржани околу нивните релации со партијата бидејќи не секој сака јавно да биде близок до партија во опозиција. Секогаш лицата сакаа да се видат со претседателот, тој во тоа време, како и сега, е најголем авторитет. Тој ги договараше начинот и условите како тоа да се реализира. Се случуваше претседателот на партијата понекогаш да ме повика, да ме извести дека тој и тој сака да ѝ помогне на партијата со толкав и толкав износ. Можело да се случи истиот ден да донира или по неколку дена – рече Јанкулоска.

Таа нагласи дека тогаш законската регулатива била полабава, односно се водела неформална евиденција, а на некои донатори им се давале и каса прими. Таа рече дека имала сознанија и евиденција за тоа колку пари ќе ѝ се предадат, а дали се разговарало за повеќе или помалку пари не знаела.

Јанкулоска рече дека во нејзината канцеларија во партијата имало два сефа. Во едниот се чувале пари за дневно функционирање на партијата, а од другиот немала клуч, ниту ја знаела шифрата.

– Да, имаше два сефа, од кои едниот беше голем и еден мал како каса. Во малиот се чуваа мали износи, тие што се користеа на дневна основа. Другиот, барем додека јас бев на функција, ниту бил отворан ниту сум знаела шифра. Тој малиот беше со шифра и клуч, се отвораше по потреба – рече таа.

На прашање на адвокатот на Груевски таа одговори дека лидерот никогаш не побарал од неа да му даде пари.

– Мислам дека имаше сеф и во канцеларијата на претседателот – додаде Јанкулоска.

Според обвинението на предметот „Плацови на Водно“, првообвинетиот Груевски кому му се суди во отсуство, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, наместо да прикаже пари како донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра, а потоа со нив купувал парцели на Водно.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...