27.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаБучковски: Ако не се договориме со Бугарија, додека Заев е премиер, ќе...

Бучковски: Ако не се договориме со Бугарија, додека Заев е премиер, ќе имаме проблем..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Специјалниот преговарач во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски, смета дека мора да се искористи „прозорецот на можности“ декември- јануари за постигнување договор со Бугарија и старт на преговорите со Европската Унија. Тој во изјава за Дојче веле вели дека е можна нова неизвесност ако не се искористи периодот во кој Заев е се уште на чело на владиниот кабинет.

<

„Ако не се договориме сега, додека Заев е премиер, ќе влеземе во нова неизвесност. Ќе изгубиме пак многу време, а ние веќе немаме време за чекање! Предолго ја чекавме Бугарија да има политичка Влада. Премиерот Заев останува на позицијата за да го затвори овој процес на преговори со новиот бугарски премиер. Тоа е исклучително важно за утврдување на временската рамка за изнаоѓање на компромисно решение и кревање на блокадата од страна на Бугарија. Да не заборавиме дека идниот претседавач со ЕУ, Франција има претседателски избори во април. Заради тоа, немаме многу време пред да почне нивната кампања. И завчера на Софискиот форум потенцирав дека прозорецот на можности е отворен сега“, потенцира Бучковски за ДВ.

ДВ потсетува дека неодамна во интервју за Шпигел, идниот бугарски премиер Петков навести дека разговорите ќе се интензивираат во следните шест месеци.

„Ако се даде ‘зелено светло’ за пристапните преговори веднаш, без дискусија, тоа само ќе ги зајакне националистите во двата табора. Ние се потпираме на преговори, а не на пропаганда“, порача Петков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...