25.9 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаГолема акција на МВР, УЈП и ДПИ: Затворени повеќе угостителски објекти, затекнати...

Голема акција на МВР, УЈП и ДПИ: Затворени повеќе угостителски објекти, затекнати лица без сертификат, неиздавање фискални сметки..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат денеска околу 01:00 часот беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти – дискотеки и ноќни клубови, за кои имало сознанија дека во нивното работење има нерегуларности. Притоа, како што соопштија од МВР, во угостителски објект на улицата „Јордан Мијалков“ при извршената контрола од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки.Од страна на Единицата за интервентната полиција приведени се пет лица без лични карти, пронајдени се две лица кои поседувале фалсификуван сертификат за вакцинација и 15 лица без сертификат за вакцинација, при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација, за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.

<

Во угостителски објект кај нова железничка станица, при извршената контрола во објектот е констатирано дека девет лица не поседуваат сертификат за вакцинација, затечено е едно малолетно лице. Од страна на УЈП е констатирано дека има нерегуларности во готовинскиот промет, за што ќе им биде изречена парична глоба. Од страна на ДПИ било констатирано дека во објектот не се почитува законот за пушење, непостапување по здравствени протоколи, затекнати лица без сертификат, при што од страна на ДПИ ќе бидат изречени прекршочни глоби за констатираните прекршоци со издавање на прекршочни платни налози, а објектот привремено е затворен.

Во угостителскиот објект на улицата „Анастас Митрев“ при извршената контрола од страна на УЈП биле констатирани повеќе нерегуларности, односно евидентирана е разлика во готовинското плаќање т.е неиздавање на фискални сметки. Од страна на припадници на МВР е констатирано дека шест лица не поседуваат сертификат за вакцинација, како и три лица кои биле обезбедување биле без соодветни лиценци за работа, при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.

Во угостителски објект на улицата „8 септември“ при извршена контрола од страна на УЈП е констатирано неевидентиран промет односно неиздавање на фискални сметки, а од страна на припадници на полицијата е утврдено дека две лица не поседуваат сертификат за вакцинација, од страна на ДПИ за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација составен е записник при што согласно Законот ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба а објектот е привремено затворен .

Во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски“ при извршената контрола од УЈП констатирана е разлика во готовинскиот промет односно неиздавање на фискални сметки. Од страна на полицијата утврдено е дека десет лица не поседуваат сертификат за вакцинација како и малолетници, при што од страна на ДПИ составен е записник за непочитување на мерките согласно Законот за заштита на население од заразни болести, за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот е привремено затворен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Работникот од Кина кој падна од мост кај с.Требеништа се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна...

Охриѓанец продавал марихуана.

Пронајдена дрога во Охрид, лишено од слобода едно лице На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски...