25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаЕве како помина девојчето кое пријави Мито во кумановската болница !!

Еве како помина девојчето кое пријави Мито во кумановската болница !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вреди ли да пријавите мито во државното здравство во Македонија? Како завршила пријавата за мито и корупција во државното здравство, поточно во општата болница Куманово, која ја поднесе Валентина Пешиќ до директорката на болницата, доктор Снежана Захариева, поради тоа што болничар и побарал, а таа му дала две илјади денари за да го облече дедо ѝ кој починал во болницата?

<

Случајот за кој пишуваше „Слободен печат“ пред три месеци, се случил во ковид-центарот на општата болница Куманово, каде со дијагноза ковид-19, починал дедото на Валентина, Пера Пешиќ. Наспроти протоколот за управување со тело на починато лице од ковид, кое што не смее да се облекува, болничар во одделението, на Пешиќ ѝ побарал, а таа му дала две илјади денари, за наводна услуга ,,облекување на покојник“ која не само што не постои во државното здравство, туку дури и кога би постоела, не би смеела да се спроведува врз починат од ковид-19. Протоколот е јасен, дека покојникот се погребува во вреќа и во сандак, за што е задолжено погребно претпријатие. Меѓутоа, кога погребното претпријатие дошло во болницата во Куманово да го подине телото на починатитот за закоп, телото било облечено и закопот бил извршен надвор од протоколите. Принципиелно, откако сфатила дека е измамена, односно дека парите и се земени не за постоечка услуга, туку како мито од болничарот, Валентина решава случајот да го пријави на директорката на болницата, доктор Снежана Захариева. Три месеци подоцна, болницата решава воопшто да не се занимава со наводите дека болничар оперира на неетички начин земајќи поткуп од семејства на покојници во најранливите моменти кога телото треба да се преземе за закоп, со образложение дека – внуката на покојникот, допрва треба да се докажува дека му е внука!

Заедно со целото мое семејство отидовме во болницата да го земеме телото на мојот починат дедо. Откако ме пуштија внатре да влезам, најнапред побарав да го видам дедо ми, по што болничарот ме одведе и без никаква заштитна опрема ми го покажа телото. Во тој момент болничарот ми соопшти дека треба да донесеме облека за дедо ми, да го облечат и дека за таа услуга се наплаќа износ од 3 илјади денари. На тоа јас му одговорив дека носам само две илјади денари со себе на што болничарот се согласи и ја викна мајка ми внатре да му ги даде парите. Дедо ми беше предаден во облека која ја донесовме и не беше соодветно по протоколи предаден. На погребот дознавме во комуникација со присутните дека услугата која ја плативме во болницата не постои и дека сме измамени од страна на болничарот, напишала Валентина во својата претставка до болницата за поведување на дисциплинска постапка против болничарот.

Наместо да се утврдува во колку наврати болничарот претходно оперирал во вакви ранливи моменти за фамилиите, болницата решава едноставно и процедурално воопшто да не постапува по пријавата за мито.

Во одлуката од болницата пишува дека предлогот за дисциплинска постапка против болничарот се одбива поради тоа што не е утврдена роднинската врска меѓу Валентина Пешиќ и нејзиниот дедо, не е доставена умреница, за да се утврди дека е внука.

– Директорката ме прими, ми рече дека е шокирана, а сега јас сум шокирана зашто во решението не постапуваат зашто не утврдиле дали сум внука на дедо ми. Се заташкува случајот, изјави Пешиќ за „Слободен печат“.

Против оваа одлука таа ќе поднесе жалба, но вели дека е револтирана што во административните лавиринти, наместо да се фокусира болницата на искоренувањето на коруптивните практики, уште еднаш се потврдува дека волја за такво нешто се нема.

Пишува слободен печат
За повеќе детали ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охрид – домаќин на дипломатска средба: Муцунски и Хасани во посета на Бисерот на Македонија

Како градоначалник на Охрид, градот на светлината, градот каде секое камче има своја приказна, ми причинуваше чест да бидам домаќин на македонската...

На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок...

Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“

Алкотестирани се вкупно 16 лица од кои кај 7 лица беше утврдено присуство на алкохол, од кои кај двајца е утврдено 1,17 и 1,07...

Пронајдено изгорено човечко тело, по пожарот кај Лепенец

Порталот „Скопје1“ пренесува дека по вчерашните пожари кај Лепенец , е пронајдено изгорено човечко тело во штала која била лоцирана во близина на...