11.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаСветВладимир Путин, во текот на 90-те години работел и како таксист.

Владимир Путин, во текот на 90-те години работел и како таксист.

spot_imgspot_img

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во текот на 90-те години од минатиот век морал да работи и како таксист, се дознава од документарниот филм „Нова историја“ кој бил прикажан на телевизијата „Русија 24“, а во кој Путин зборува за тешката економска ситуација во која Русија се наоѓала во последните децении од 20. век.

Поради тоа, голем број квалификувани експерти, научници и адмирали работеле како физички работници.

– Некогаш морав да работам како таксист. Не ми е пријатно да зборувам за тоа, за жал. Но, и тоа се случи – рекол Путин.

Во интервју, пак, емитувано на ТВ каналот „Русија-1“, Путин зборувал за евентуалниот распад на Русија и дека последиците би биле многу подраматични и покрвави отколку при распадот на поранешна Југославија.

– Дефинитивно може да се каже дека би се чувствувале многу лошо, би се бореле да преживееме, наместо да го зголемуваме наталитетот. Трагичниот пример на Југославија покажува дека во случај да поминевме низ истото, и знаејќи го менталитетот на нашиот народ и не само на рускиот, туку и на сите народи кои живеат во Русија, конфликтите би биле многу поопасни и покрвави отколку во Југославија – истакна Путин.

Тој додаде дека имало бројни надворешни притисоци врз Русија во текот на 90-те години од минатиот век и дека земјата изгубила добар дел од нејзиниот суверенитет во тоа време.

– Имаше многу инструменти на притисок, Русија беше прилично слаба, зависеше од различни финансиски инструменти и механизми, политички и внатрешни. Може да се каже со жалење дека Русија тогаш изгуби поголем дел од својот суверенитет – нагласи Путин.

Рускиот претседател се потсети на ситуацијата во 1999 година кога беше премиер.

– Што се однесува до губењето на суверенитетот, го видов тоа кога бев премиер во 1999 година, кога по почетокот на нашите воени операции во Северен Кавказ, мисијата на Меѓународниот монетарен фонд побара да ги прекинеме акциите – откри Путин.

Тој додаде дека прашал каква врска има ММФ со операциите во Северен Кавказ и му било кажано дека тоа ќе има негативно влијание врз економијата.

– Тврдевме дека ја зајакнавме нашата државност и со тоа создадовме можност за поефикасна работа во економската сфера, но нашите аргументи беа игнорирани – истакна Путин во интервјуто.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...

Османи: Дали да нацртам? Без ДУИ нема Бадентер, без Бадентер нема влада

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ, Бујар Османи. На прес-конференција тој...