32.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Струга ќе нема дочек на Новата Година- ќе штеделе струја !!!.

Во Струга ќе нема дочек на Новата Година- ќе штеделе струја !!!.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Охрид ќе има, а во Струга нема да има организиран дочек на Нова година на отворено. Струшките градски власти ваквата одлука ја правдаат со штедењето пари поради енергетската криза. Заштедените пари, велат, ќе биле пренаменети за потребите на јавните претпријатија.

<

„Декорацијата на градот ќе се изврши во централното градско подрачје, скромно и ќе биде изведено од јавното комунално претпријатие – Струга. Ваквата одлука е донесена со оглед на кризната состојба во енергетскиот сектор“, велат од Општина Струга.

Но, дел од туристичките работници сметаат дека Струга е туристички центар и оти треба да се организира некаков новогодишен настан на отворено.

„Сигурно дека локалната власт мора да организира нешто добро за да привлече повеќе туристи…“, рече Ерхан Папранику-менаџер на хотел.

Во Струга единствено ќе има забава за деца и прошетка на Дедо Мраз низ градот. Во Охрид пак, на градскиот плоштад на 31 декември ќе настапат локални бендови и изведувачи, а забава ќе има и на 1 јануари.

„Ние не смееме да си дозволиме да имаме неукрасен град. Ќе биде украсен Охрид, ќе изгледа добро, ќе има скромен настан на градскиот плоштад каде ќе има само изведувачи од нашиот град“, вели Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Инаку во поголем дел од хотелите покрај Охридското езеро годинава нема да има дочек на Новата година поради постоечките протоколи, со кои се дозволува капацитетот на објектите да биде со исполнетост од максимум 50%.

Мики Трајковски Алсат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...