0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПедијатри од скопска клиника времено ќе прегледуваат во охридската Општа болница

Педијатри од скопска клиника времено ќе прегледуваат во охридската Општа болница

spot_img

Според Филипче, новото законско решение ќе овозможи дисперзирање различни специјалности, воедно дополнителна заработка за лекарите и медицинските сестри, а граѓаните ќе ја имаат услугата поблиску до местото на живеење.

Недостигот на лекарски кадар на Одделeнието за детски болести при Општата болница во Охрид привремено ќе се решава со позајмица на двајца педијатри од Клиниката за детски болести во Скопје, најави министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на Охрид, појаснувајќи дека најавената ротација ќе биде спроведена откако ќе бидат изгласани измените на Законот за здравствена заштита што ќе овозможат лекарите од сите установи да работат насекаде низ државата.

Инаку, одделението за педијатрија во Охрид моментално работи со скратено работно време поради недостиг од педијатри.
Според Филипче, новото законско решение ќе овозможи дисперзирање различни специјалности, воедно дополнителна заработка за лекарите и медицинските сестри, а граѓаните ќе ја имаат услугата поблиску до местото на живеење.

– Со таков дефицит на специјалисти од одредена специјалност се соочуваме на повеќе места во државата и затоа интервенираме тука во Охрид со тоа што двајца педијатри ќе бидат пратени во следниот период од скопската Клиника за детски болести и ќе бидат континуирано присутни. Тој систем на ротација ќе го задржиме додека не најдеме некое друго трајно решение. Едно од можните решенија е во веќе предложената измена на Законот за здравствена заштита со што овозможуваме, кој било лекар од која било јавна или приватна здравствена установа да може да дежура во друга здравствена установа, со цел да се овозможи потребната служба во еден дел од денот. Овој систем на ротација нема да важи само за педијатрите, ќе важи за сите други специјалисти, рече Филипче при вчерашната посета на Специјалната болница за травматологија и ортопедија „Свети Еразмо“.

Во врска со реакциите на опозициските партии дека новите законски измени превдидуваат и приватизација на Службата за итна медицинска помош., Филипче рече дека станува збор само за законско регулирање на тоа што веќе се случува, а тоа е ставање на возилата од итната медицинска помош од приватните здравствени установи во законска рамка.

– Целокупниот друг систем останува ист.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...