8.6 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски за барањето за помилување за Нинџа: Тоа е она кое му...

Мицкоски за барањето за помилување за Нинџа: Тоа е она кое му е ветено за сведочењето поради кое луѓе се осудени на над 200 години затвор

spot_imgspot_img

Тој, ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање запрашан како го оценува поднесеното па повлечено барање за амнестија за Нинџа, при посетата на извршувањето на градежни активности во општина Кочани, при што потенцираше дека тоа доаѓа како резултата на она што му ветиле поради неговото сведочење за настаните од 27 април, поради кое што сведочење луѓе се осудени на над 200 години затворски казни.

„Калкулантски, затоа што едноставна е ситуацијата, знаете за сведочењето на тоа лице. Како резултат на тоа сведочење се изрекоа казна во висина од повеќе од 200 години и нормално на крај доаѓа, она кое што му е ветено за тоа сведочење. А, тоа е ова помилување, односно барање, па сега повлекување, и сега веќе не знаеме статусот каков е“,Тој додаде дека токму поради вакви слични случаеви Македонија се наоѓа на 111-то место на Транспаренски Интернешнл за борба против корупцијата, затоа немаме ниту странски инвестиции, а ниту ни правна држава.

„Е затоа че бидеме 111-ти ан транспарентност интернационал и затоа нема да имаме странски инвеститори, затоа граѓаните нема да веруваат во правната држава, затоа немаме владеење на право и затоа криминалците ќе владеат со Македонија, наместо народот да владее со Македонија“, рече Мицкоски.

Токму поради ова, посочи Мицкоски, потребни се предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на овие порази и во Македонија да почне нова ера на градење на заедничкиот патриотизам.

„Ќе повторам, потребни се предвремени избори за да ставиме крај на овие порази, за да почнеме втора епоха, за да почнеме нова иднина и за да го градиме заедничкиот патриотизам. Затоа велиме, ајде да излеземе на избори. Нема потреба да се плашат, ако народот навистина ги сака и овој новиот мандатар, наместо да чвуствува фрустрација и комплекс со тоа што неговиот прв впечаток беше да му се поклонува на Заев, да излезе пред граѓаните на избори, па заеднички граѓаните нека оценат која платформа и која политика треба да ја добие нивната доверба“, објасни Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...