21.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаВооружени македонски државјани фатени во Италија со 680 килограми дрога.

Вооружени македонски државјани фатени во Италија со 680 килограми дрога.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Италијанската полиција уапсила двајца македонски државјани, едниот од нив без дозвола за престој во оваа земја, за недозволена трговија со наркотични средства.

<

Повикувајќи се на италијанската полиција, „Топ чанел“ пренесува дека од запленетите 680 килограми хашиш и марихуана, дури 600 килограми биле откриени во камион натоварен со струготини, со кој управувале македонските државјани. Кај едниот од нив пронашле и пиштол „магнум“ наполнет со куршуми.

Останатите 80 килограми се откриени во автомобил, подготвен за транспорт, во кој биле двајца албански државјани, кои исто така се уапсени.

Се пренесува дека четворицата живееле меѓу Алесандрино и Асти, а постојат основи за сомнение дека дрогата е прошверцувана од Албанија.

Освен дрогата, во акцијата се запленети оружје и 3 300 евра. Во интерес на истрагата не се наведува идентитетот на уапсените, чија база била во магацин до трговски објект.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...