17.6 C
Ohrid
четврток, јуни 5, 2025
ПочетнаМакедонијаПецаков: Започнавме со нова метода на крпење дупки, станува збор за Plastasphalt

Пецаков: Започнавме со нова метода на крпење дупки, станува збор за Plastasphalt

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

👉Оштетените делови на асфалтот, од денес, се третираат со нова технологија. Станува збор за методот на третман на оштетените асфалтни површини со „Plastasphalt“. Со овој принцип се врши санирање на оштетените делови на асфалтот, а служи и како превенција од понатамошно проширување на оштетувањата.

<

👉Позитивното за овој метод е што може да се користи и на ниски температури, за разлика од класичниот асфалт каде се потребни посебни временски услови за аплицирање. Времето за сушење на „Plastasphaltot“ е дваесетина минути по што може да се вози по него. Одлика на овој метод е долготрајност на санираната површина. Оваа технологија се употребува за пукнатини на асфалтот и помали оштетувања (ударни дупки). „Plastasphalt“ се произведува во согласност со тековните еколошки правила. За негово производство се користат рециклирани материјали, а неговата апликација е без последици по животната средина.

👉Извршив увид на активностите за санација на оштетениот асфалт на улицата „Момчило Јорданоски“. Оваа улица е прва на која се применува новиот пристап во санација на асфалтот. После завршување на оваа улица, активностите за санација продолжуваат и на другите делови од градот каде има вакви оштетувања.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„72-годишен маж од Гостивар ги заклал кравите на својот брат по семејна расправија„

Вчера во село кај Гостивар е уапсен 72-годишен човек кој е осомничен дека со нож ги бодел кравите на сопствениот брат, од кои една...

Работникот од Кина кој падна од мост кај с.Требеништа се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна...