19.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПатничко возило со кочански регистерски ознаки ноќеска паднало во ископан канал...

Патничко возило со кочански регистерски ознаки ноќеска паднало во ископан канал на магистралниот пат на влезот во Кочани кај Подлошка крстосница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ПАТНИЧКО ВОЗИЛО ПАДНА ВО ИСКОПАН ОТВОР ЗА КАНАЛ НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ КАЈ ПОДЛОШКА КРСТОСНИЦА

<

23.12.2021 – Патничко возило од марката „опел“ со кочански регистерски ознаки ноќеска паднало во ископан канал на магистралниот пат на влезот во Кочани кај Подлошка крстосница. Од падот возилото претрпело сериозни оштетувања, а според очевидци едно лице се здобило со повреди на главата.

На местото на настанот забележливи беа траги на кочење, но веројатно поради недоволната обележаност и несоодветната брзина, возилото завршило во дупката длабока три метри.

При падот автомобилот удрил и во еден од поставените сообраќајни знаци, но со оглед што и покрај изведувањето на градежните работи не е поставена заштитна ограда, ниту пак местото е соодветно осветлено, опасноста од сообраќајни несреќи е постојано присутна.

Ископаниот отвор е со ширина од неколку метри и се наоѓа токму на средина од коловозот, поради што потребна е поголема внимателност и намалена брзина на возилата за да се заобиколи по помошниот пат во близина.

Делницата од експресниот пат на влезот во Кочани се реконструира повеќе од една година, а градежните работи се одвиваат со различно темпо, поради што неодамна имаше и реакција на дел од стопанските субјекти во зоната Лесна индустрија, кои упатија забелешка за отежнатиот пристап и влез во нивните објекти.

Т. Ајтовски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...