17.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаСветДоктор Петровиќ: Тој што ќе ја помине Нова Година во кафана, Божиќ...

Доктор Петровиќ: Тој што ќе ја помине Нова Година во кафана, Божиќ ќе го слави во ковид болница !!!

Српскиот епидемиолог д-р Радмило Петровиќ сериозно ги предупреди граѓаните на северниот сосед дека претстојните празници се голема опасност за ширење на коронавирусот од сојот омикрон. Според епидемиологот, омикрон можеби е присутен во Србија, но се уште не е официјално детектиран. Епидемиологот предупредува дека со доаѓањето на омикрон може да се очекува брзо зголемување на бројот на заразени и дека времето околу празниците се најкритични за пренос на вируси.

-Пред нас е Нова година што е најмасовен собир, па православен Божик, па православна Нова година,…Имаме верски празници во јануари речиси на секои седум дена, што ги зближува луѓето. Затоа треба да се биде внимателен и да се почитуваат здравствените протоколи. Оние кои ќе ја дочекаат Нова година во кафана, треба да биде подготвени да го поминат Божиќ во ковид болница, на интензивна нега, предупредува епидемиологот Петровиќ.

Епидемиологот напоменува дека оваа негова порака сите треба да ја сфатат сериозно, оти престои период на слави и собирање на луѓето во затворен простор, па затоа после Нова година бројот на заболени реално се очекува да биде значително поголем.

– И јас сакам дочек на Нова година, но сето тоа трае неколку часа и без маска што е голем ризик да се шири вирусот, додава српскиот епидемиолог.

Според Петровиќ основна мерка за заштита од коивид-вирусот е вакцината.

-Вакцината сигурно штити, можеби не во ист процент, но не е можно да не штити, бидејќи тоа е истиот вирус, со исти антигени, можеби само еден антиген на протеинот е променет, но не сите, додава Петровиќ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановец вo полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор.

Кумановец в полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор. Вчеравечер во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово,...

На 13 октомври 2003 година во Скопје почина еден од најлегендарните актери во Македонија, Ѓорѓи Колозов.

На 13 октомври 2003 година во Скопје почина еден од најлегендарните актери во Македонија, Ѓорѓи Колозов. Колозов е роден на 26 февруари 1948 година во...

Велешани ја направија најголемата пастрмајлија од 4 метра и 20 сантиметри- Питијадата се изеде за 11 минути !!!

За 11 минути се потроши џиновската пита пастрмајлија, која мајсторите од пекарата „Гемиџии“ од Велес, ја подготвуваа 6 часа. Од година во година џиновската...

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...