10 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаСветНовак Ѓоковиќ: И утре да измислат вакцина против коронавирус јас нема да...

Новак Ѓоковиќ: И утре да измислат вакцина против коронавирус јас нема да се вакцинирам.

spot_imgspot_img

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на Фејсбук разговараше со своите колеги за моменталната состојба и многу други теми. Во „во живо“ учествуваа и Душан Борковиќ, Душан Лајовиќ, Александар Атанасијевиќ, Виктор Троицки, Ненад Зимоњиќ, Марко Пантелиќ, Јанко Типсаревиќ и Филип Краинановиќ.

Фокусот беше ставен на тековната состојба во врска со пандемијата на коронавирус, а Ѓоковиќ истакна дека ќе помине долго време додека сè не се врати во нормала. Ѓоковиќ, исто така, истакна дека патувањето ќе биде најголемиот проблем и дека темата за коронавирус ќе биде длабоко втисната во свеста на секој човек уште долго време.

Новак зборуваше и за можната вакцинација против Ковид-19.

„Јас лично не сум за вакцинација и не би сакал некој да ме присили да ја добијам вакцината за да можам да патувам. Ако тоа е правило и закон, тогаш што ќе биде тоа? Морам за себе да одлучам дали ќе се вакцинирам или не. Јас имам свое размислување, и дали ќе се смени во одреден момент незнам. Хипотетички, можеби ќе ја продолжиме сезоната во јули, август или септември, иако се мали шансите за тоа како што јас ја разбирам состојбата. Веднаш по укинувањето на строгиот карантин ќе има барање за задолжителна вакцина, која сè уште не е достапна “ , рече Ѓоковиќ, меѓу другите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...