5.1 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаПчелар од Охрид треба да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале...

Пчелар од Охрид треба да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014 година

spot_img

Пчелар од Охрид е осуден да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки, пишува СДК.МК
Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.

<

Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.

„Ова е директен удар врз пчеларите“, велат од Здружението на пчелари Охрид.

Настанот се случил од 2014, а пресудата е донесена после 8 години, што за пчеларите од Охрид е уште една апсурдност покрај, како што ја нарекоа, смешната постапка.

„Со постапката докажаа дека сум осуден само поради тоа што сум поседувал возило со кое се транспортирани пчели, а ниту во еден случај при преселба пчелите не го напуштаат пчелното семејство. Ние како пчелари немаме влијание врз пчелите, но Судот го прифати целиот спор и потврди дека јас сум виновен“, вели Лазе Грозданов.

Апелација во Битола ја потврдила првичната пресуда и го доставила предметот на извршување во Охрид, каде се докажало дека пчелите биле од Грозданов и дека возилото со кое се пренесувале било негово. Со граѓанска тужба постапката продолжила за надомест на штета.

„Судијата во Охрид наоѓа некое соломонско прифатливо решение и досудува казна од вкупно 15 илјади евра. Ова не смее да стане судска пракса. Бараме да знаеме на што сме. Ако Судот може да носи вакви одлуки против пчеларите, а за сообраќајна несреќа судат досудува оштета од 35 илјади денари, тогаш која е логиката“, вели Грозданов.

Пчеларите од Охрид бараат Републичкиот судски совет и Министерството за правда да го преиспитаат конкретниот случај и да одговорат дали, како што велат, чувањето пчели преставува високоризична професија и дали со оваа пресуда пчеларите се категоризирани во групата убијци.

„Благодарение на пчелите опстојува човечкиот род. После изумирање на пчелите човечкиот род има уште 4-5 години. Да не дозволиме вакви судски пресуди. Висината на казната нè карактеризира како убијци“, велат пчеларите.

Грозданов вели дека пресудата ќе ја обжали и најави масовна поддршка од сите пчелари од државава…
Извор:Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...