15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаСветАвстралија одлучи: Ѓоковиќ мора веднаш да ја напушти земјата,инаку ќе биде депортиран

Австралија одлучи: Ѓоковиќ мора веднаш да ја напушти земјата,инаку ќе биде депортиран

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Конечната одлука на Австралија е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ да се депортира во Србија!

<

„Ова е најголемиот скандал во светот и во историјата на спортот“ пишуваат српските медиуми.

Визата на Новак Ѓоковиќ е одбиена, по шест часа распит на аеродромот во Мелбурн, каде пристигна за да игра на „Австралија опен“.

Тимот на Ѓоковиќ поднел барање за погрешна виза, која не го поддржува медицинското ослободување за вакцинација со која тој бараше да влезе во земјата.
Веста ја објави австралискиот новинар Пол Сакал, наведувајќи дека е потврдена од два негови извори. Тој наведе и дека Ѓоковиќ не се предава, а неговите адвокати работат на жалбата на оваа одлука.

„Адвокатите на Новак Ѓоковиќ ќе поднесат жалба. Ѓоковиќ не покажал доволно докази за неговото медицинско ослободување од вакцинација против коронавирусот“, напиша Сакал.

Новинарот Клинт Стенвеј исто така ги потврди овие наводи.

„Ѓоковиќ останува на аеродромот, визата му е поништена со одлука на австралиската гранична полиција. Претпоставувам дека тој ќе поднесе жалба на оваа одлука пред судовите на државата Викторија“, изјави Стенвеј.

Изввор: Бриф

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...