Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а бензините поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто.
Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) по 67,5 денари за литар.