6.9 C
Ohrid
четврток, ноември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаШтипјанката Павлинка Тренева Муса за Фактор: Работам кај сестрата на емирот од...

Штипјанката Павлинка Тренева Муса за Фактор: Работам кај сестрата на емирот од Катар еден од најбогатите луѓе во светот.

Шансата да замине за Катар се појавила случајно, кога имала 22 години и ја прифатила без размислување. Новите познанства истекнатите искуства ѝ дале полет и желба за напредување: Пишува Фактор.
Во почетокот работела како фризерка , а потоа и како шминкерка. По десет години престој во Доха, Катар, штипјанката Павлинка Тренева Муса може да се пофали со исклучително успешна кариера, но и со исполнет приватен живот.

Работи како личен асистент на Да Фатема бин Хамад Алтхани, сестра на емирот од Катар, Тамим бин Хамад бин Калифа Алтхани, еден од најбогатите во светот.Зборува англиски, арапски и шпански јазик. Мажена е за архитектот Елиас Муса (32), по потекло од Либан. Родители се на Јара, која неодамна го прослави првиот роденден.

Според кодексот на работа, не смее да објавува фотографии со катарската принцеза.

* Шансата за подобар живот, желбата за докажување и напредување во кариерата, младите претежно ја гледаат во европските земји или во Америка. Кој беше мотивот ваша дестинација да биде Катар?

– Катар не ми беше планиран, сам ми се случи. Отсекогаш знаев дека сакам да пробам можеби и некоја кратка сезонска работа надвор од Македонија, барем заради искуство. Па така кога случајно ми излезе шансата за Катар без размислување заминав. Не бев во некоја ексесивна потрага за работа во странство па на почетокот заминувањето повеќе го сметав за авантура.

Дружба со македонски пријателки на самите почетоци во Катар

* Искуствата се различни, какво беше вашето? Се навикнавте ли брзо на тамошниот живот?

– Моето искуство е прекрасно, немав воопшто проблем со прилагодување. Можеби фактот дека бев многу млада придонесе во тоа да не ја сфатам тежината на промената која тогаш ја направив. Сите нови познанства, искуства, запознавање на нови култури, верувам дека на секој 22 годишен човек би му дале само полет и желба за напредување. Нормално имаше и тешки моменти и тоа најчесто поради сопственото отсуство на битни моменти и случки во семејството и на пријателите.

Арапската традиционална шминка е поразлична од нашата.

* Кој ви беше првиот работен ангажман?

– Прво започнав да работам како фризерка. Со текот на времето се едуцирав и почнав со шминкање.

* Арапките важат за исклучително негувани жени. Каков вид на дневна и ноќна шминка претпочитаат? Ги следат ли светските трендови?

-Точно, но сепак не би можела да генерализирам. Арапската традиционална шминка е многу потешка и поразлична од нашата. Буквално можете преку ден да видете девојки нашминкани како за свадба. Но, во последните години посебно помладите практикуваат многу поприроден изглед.

* Дали работата како шминкерка ве спои со една од сестрите на Емирот од Катар? Што беше пресудно да ја стекнете нејзината доверба и да и станете личен соработник?

– Не би можела да дефинирам со што точно ја стекнав нејзината доверба. Таа беше мој долгогодишен клиент додека работев како шминкерка. Тие се свесни за својот статус и позиција која ја имаат тука во општеството. Но, свесни се и за лажно додворливите луѓе помеѓу нив кои понекогаш се дури нападни во желбата за дружба со нив. Јас имав сосема спротивен пристап од горенаведеното, па можеби тоа беше пресудно.
Ниту едно секојдневие на принцезата не е исто

* Која е вашата функција, за што сте задолжени ?

– Оффф, тешко прашање. Буквално сум инволвирана во сѐ. Од правење персонален онлајн шопинг до замисла, планирање и реализација на патувања, забави, приеми. Од придружба на пријателски ручек до наоѓање на фирми за изградба на куќи и следење на цела реализација до завршеток на истата.

* Како изгледа едно секојдневние на една принцеза?

– Ниту едно секојдневие не е исто. Еден ден може да биде поминат во кревет пред тв, наредниот да се почне со патување до некоја соседна држава. Доколку има голема забава или свадба во склоп на семејството целиот ден па и недела и се планира според потребите на истата.
За повеќе детали, и фотографии ТУКА.
Извор:Фактор
Новинар:Соња Алексоска Неделковска

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...

Владо Георгиев ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје

Црногорскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. Тој веднаш се огласи на социјалната мрежа Икс, каде сподели детали за...